Се ближи сезоната на плускавци: Проширете ги тесните обувки на овој едноставен начин

Дами, сезоната на плускавците пристигнува! Но надитрете ги со одличен трик и шетајте во омилените обувки колку што сакате…Пролета стигна, а со неа и еуфоријата за купување на обувки. Но пропратен елемент се и плускавците, посебно доколку се залетавте и ги купивте оние кои што ве оставиле без здив, иако се можеби малку тесни! За да ги избегнете сите тие маки  со крвавите стапала и пликови, би требало да ги примените проверените совети „од народот“.
Компирот е решеие број еден. Земете еден компир со средна величина, излупете го и ставете го во обувката. Оставете го да стои преку ноќ и обувката ќе се прошири.
Кеса за замрзнување наполнете ја со вода и ставете ја во балетанките или салонките. Доколку така ги оставите во замрзнувач 24 часа, водата ќе се замрзне, а вие ќе добиете обувки по ваша мера.
Кожните обувки можете да ги  проширите со фен за коса, така што кожата ќе ја загреете неколку минути додека не омекне. Облечете ја обувката на дебели чорапи и шетајте  низ дома, додека кожата не се олади.
Можете да направите раствор од алкохол и вода, во размер  50 – 50 и со него да ги истриете обувките. Потоа облечете ги и носете ги половина час.
Наквасете го чорапите и добро исцедете ги, ставете ги во обувките и оставете ги. Како што ќе се сушат чорапите, така обувката ќе се шири и растегнува.Пролета стигна, а со неа и еуфоријата за купување на обувки. Но пропратен елемент се и плускавците, посебно доколку се залетавте и ги купивте оние

Пронајдете не на следниве мрежи: