Се бранат престапници, а се гонат обични граѓани: Слушнете го интервјуто на Филип Петровски во емисијата „Пулт“

Директорот на Државниот архив на Република Македонија и политичкиот аналитичар д-р Филип Петровски, гостуваше во емисијата „Пулт“ на Радио Слободна Македонија. Петровски во интервјуто отворено зборуваше за настанатите проблеми во државата предизвикани од деструктивната политика и антикампања против македонските интереси на Зоран Заев, кој од преголемата желба да добие што е можно повеќе гласови од албанскиот електорат во државата предизвика гнев кај другите етнички заедници кои не ги претставува во неговата визија за мултикултуролошко и демократско општество.
Шаблонската политика на СДСМ вроди со негативни последици за државата, оставајќи простор за маневрирање и мешање на странски влијанија на македонско тло. Мешање во суверенитетот и политичкиот живот, структурата и работата на државните институции, како и хајка против партиите, граѓаните и новинарите кои јасно ги ставаат интересите на Македонија пред марионетските идеолошко-додворувачки ставови на структури поттикнати за разурнување на за кои е јасно дека не играат според нотите на „невладините организации“ потплатени за да промовираат послушност и зависност од Америка.
Тука е и улогата на СЈО да ги затвора очите пред хулиганите коишто уништуваа споменици, јавни површини и за кои постојат докази дека директно се закануваат со бесилка на неистомислениците.
Од друга страна, се гонат луѓе што ги бранат црквите и што беа главни спротивставувачи на шареното лудило кое остави свој печат, се бранат анархијата и беззаконието, а криминалците се величат како борци за слобода.
Во продолжение ќе имате можност да го слушнете гостувањето на Петровски во РСМ, како и да дознаете зошто Зоран Заев го нарекуваат новиот Коте од Руља…

Пронајдете не на следниве мрежи: