Се будите во исто време секоја ноќ? Еве ШТО ви се случува!

Дали секоја ноќ се будите во истите час и минута?Ако сте преплашени или мислевте дека ова ви се случува само вам, прочитајте понатаму за да дознаете за што се работи.
Според старата кинеска медицина, енергијата тече низ различен меридијан од телото во различни делови од денот. Овие меридијани се како канали што ја праќаат енергијата до различни органи со цел да ги поттикнат здравјето и виталноста. Кога овие канали од некоја причина се блокирани, енергијата не може да помине низ нив и доаѓа до стагнација или натрупување на енергијата. Ова може да го попречи вашиот сон.
Меѓу 9 и 11 часот: Ова е времето кога повеќето се обидуваат да заспијат. Ако се будите во ова време, значи дека сте под голем стрес и потсвесно сте во борбена фаза. Поврзано е со вознемирени мисли што стануваат се погласни. Во ова време од денот, енергијата се обидува да го подобри имуниот систем. Се препорачува да медитирате или да си одберете ритуал за заспивање, според желбите: може да е книга, шолја чај или слушање музика. Изборот е ваш.
Меѓу 11 и 1 часот по полноќ: Во ова време се активира меридијанот што е во служба на жолчката. Блокираната енергија во овој меридијан значи дека премногу сте сурови со себе или кон другите. Ако ве разочарала саканата личност исто така е можен проблем во овој меридијан. На физички план, пак, жолчката помага во употребата на мастите, и може да значи и дека треба да го намалите внесувањето на масти, или пак да  јадете масти од поздрав вид.
Меѓу 1 и 3 часот по полноќ: Ова е едно од најчестите времиња на будење и најчесто значи дека можеби имате проблем со црниот дроб, кој инаку е одговорен за хормоналниот баланс, варењето и чистењето од токсините и стресот. Блокадата на овој меридијан може да значи и вознемиреност, гнев или чувство на вина. Ако се препознавате во некоја од овие дијагнози, добро размислете за вашите чувства и прифатете или решете го она што ве мачи.

Меѓу 3 и 5 часот по полноќ: Во ова време од денот најсилен е меридијанот што им служи на белите дробови. Се разбира, нема да престанете да дишете, но може да значи дека имате психолошки проблеми. За да диши, телото мора да биде релаксирано, а будењето во ова време може да е поврзано со неспособноста да се биде спонтан и да се оди во насоката во која животот ве води. Белите дробови исто така ја симболизираат и тагата, па можеби се будите во ова време и ако сте емотивни. За да ја подобрите состојбата во која што се наоѓате, обидете се да преземете контрола врз настаните и да имате повеќе верба во текот на Универзумот. Исто така, може да ви биде подобро и ако дишите длабоко.
Меѓу 5 и 7 часот наутро: Ова време е на меридијанот одговорен за дебелото црево. Тоа пак, е одговорно за чистење на телото од токсичниот отпад што доаѓа од нашиот дигестивен систем, па будењето во ова време може да значи и нарушување во оваа област. Во ова време можеби се будите и ако имате чувство на вина, или товар од други емоции. Се препорачува да вежбате мантра за релаксација и верба, а пожелно е и да се растегнувате или да го прочистите организмот со подобра исхрана.
Кинеската медицина нуди огромна помош кога станува збор за пораките што ни ги испраќа телото, но, пред се верувајте и на интуицијата ако мислите дека станува збор за друга порака што телото ви ја испраќа.Ако сте преплашени или мислевте дека ова ви се случува само вам, прочитајте понатаму за да дознаете за што се работи.
Според старата кинеск

Пронајдете не на следниве мрежи: