Почнува расчистувањето на сомнежите за купувањето гласови од страна на СДСМ. Како што соопштуваат од ЈОРМ, делата за кои се водат постапките се вршени во текот на 2014 и 2016 година.Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција спроведува предистражни постапки за утврдување постоење основи на сомневање за организирано извршени кривични дела против изборите и злоупотреби на службени овластувања во вршење на функцијата од страна на поранешни високи функционери на МВР и други физички лица и правни лица од Скопје, Куманово и Струмица.
– Постојат основи на сомнение дека лицата вршеле влијание врз начинот на гласањето преку различни форми за време на изборите, со што ги сториле кривичните дела, појаснуваат од ЈОРМ.
Во насока на целосно утврдување на фактичката состојба, како што стои во соопштението, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема дејствија на вршење проверки и прибавување на потребни известувања, податоци и докази.
Според извори од истрагата сомнежот за незаконско постапување на СДСМ се однесува и на изборите во 2014 и на предвремените избори во 2016. Станува збор за сомненија за нелегално финансирање на кампањата и корупција при изборниот процес, односно купување на гласови или правно влијание врз волјата на гласачите.
Според првичните сомненија, во прашање се илјадници гласови, а што се однесува до сумите кои фигурираат првичните информации велат дека се работи за стотици илјади евра. Освен пари, се проверува и поврзаноста и нудењето на разни други услуги во замена за гласови.
Според информациите до кои дојдовме, има повеќе начини како се обезбедувале гласовите кои се предмет на истрага, преку класично купување, односно пари за глас, преку условување со вработувања, тендери преку кои потоа се финасирала кампањата и разни активности преку таканаречениот невладин сектор.
Јавноста веќе беше информирана минатата година кога ЈОРМ влезе во Општина Струмица и одзеде дел од компјутерите од кои требаше да бидат извлечени докази , како и насоки за натамошното водење на истрагата.
-Се прибираат материјални докази неопходни за утврдување на фактичката состојба при спроведување на претседателските и парламентарните избори во 2014 година. Во денешната акција одземени се два општински компјутери и на разговор се повикани повеќе лица претежно граѓани гласачи, стоеше тогаш соопштението од ЈО.
За овие избори, јавноста беше сведок на скандалите во Струмица и Куманово, каде функционери од МВР директно беа инволвирани во случаи за кои постоеја сериозни индиции дека се работи за поткуп на гласачи.
Во Куманово беа делени дрва на ромската популација, а сомненијата стигнаа и до началникот на кумановската полиција поставен од министерот на СДСМ, каде беше извршен и претрес кај него дома и беа пронајдени списоци. Во Струмица беше регистриран случај на поткуп, а функционери од струмичката полиција, пред камери им симнуваа лисици на осомничените и ги ослободуваа.Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција спроведува предистражни постапки за утврдување постоење основи на сомневањ