Се чувствува бенефитот од зголемената капитација за матичните лекари

Четириесет нови тима на матични лекари склучија договор со ФЗОМ по објавување на зголемувањето на капитацијата.Денес во Велес директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, др Сашо Стефаноски имаше средби со матични лекари од неколку приватни лекарски ординации во Велес.  На средбите стана збор за новата мерка на Фондот за здравствено осигурвање на Македонија со која се зголеми капитациониот бод за матичните лекари од 50 на 55 денари, а се применува од 1 јули 2016 година, и која треба да резултирa сo подобрување на здравствената заштита на нашите осигуреници.
Директорот Стефаноски истакна дека покачувањето на капитациониот бод за матичните лекари има за цел да овозможи поквалитетна грижа за здравјето на пациентите и затоа од  први јули 2016 година, Фондот за здравство, по анализа на состојбите во примарното здравство, го зголеми капитациониот бод за матичните лекари од 50 на 55 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Фондот за 2016 година, почнувајќи од 1.7.2016, а фискалната импликација во делот на зголемување на капитацијата за матичните лекари е 188 милиони денари годишно. Фондот издвојува значителни средства за дејноста општа медицина, и тоа за 2016 година ќе бидат исплатени околу 1 милијарда и 930 милиони денари за матичните лекари, накусо информираше директорот Стефаноски. Сепак, ова зголемување е само една од мерките кои Фондот континуирано ги презема за обезбедување на  поквалитетна здравствена заштита. Од особено значење е фактот што 40 нови лекари од дејноста општа медицина склучија договор со Фондот, што значи поголема здравствена заштита за нашите осигуреници.  Ова е истовремено и стимул за лекарите да вложат во своите ординации и да обебзедат поквалитетна здравствена заштита за нашите осигуреници.
Доктор Лилија Чолакова Дервишова ја истакна важноста од професионалниот однос што Фондот за здравствено осигурување го негува со матичните лекари но и слухот што го има за потребите на лекарите. Можам да кажам, нагласи таа, дека сум многу задоволна што Фондот има разбирање за нашите потреби и го вреднува нашиот став и одлучи да го зголеми капитациониот бод. Тоа во пракса значи дека можеме да располагаме со средства што навремено и континуирано ни се исплаќаат и со кои обезбедуваме квалитетни здравствени услуги за нашите пациенти во ординациите. Меѓутоа оваа е само една од мерките во низата што Фондот ги презема за подобрување на севкупната состојба за матичните лекари, кои се капија на здравствениот систем, како што е релаксирање на казнената политика, се заблагодари др. Чолакова Дервишова.
Др. Стефаноски истакна дека овие мерки се преземаат со цел да обезбедат добри услови за работа на здравствените работници, кои ќе бидат помотивирани да се грижат за здравјето на осигурениците. Потоа директор Стефаноски реализираше средба со вработените од подрачната служба на ФЗОМ во Велес каде стана збор за задоволството на осигрениците од услугите на Фондот како и успехот на другите проекти кои Фондот ги спроведува.Денес во Велес директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, др Сашо Стефаноски имаше средби со матични лекари од неколку приватни

Пронајдете не на следниве мрежи: