СЕ` Е ПОДГОТВЕНО ЗА SKOPJE CALLING 2017: Н. THIEVERY CORPORATION: ОЧЕКУВАЈТЕ ОДЛИЧНА ЗАБАВА!

Се радуваме на нашето повторно доаѓање во Скопје, иако првиот пат нашиот настап беше оневозможен поради лошото време, се чувствуваме должни пред македонската публика да дојдеме повторно во Скопје. Затоа, ги повикуваме сите на 20-ти јуни, на одлична забава!- порачуваат од THIEVERY CORPORATION во пресрет на нивниот концерт во Скопје, кој ќе се одржи на стадионот на АРМ, како специјално отворање на фестивалот SKOPJE CALLING 2017.Феноменалниот американски бенд кој го предводат Eric Hilton и Rob Garza доаѓаат во Скопје во полн концертен состав, кој брои околу 20 музичари.
THIEVERY CORPORATION како музички колектив носи полно концертно искуство од разни светски музичари кои ја обединуваат светската традиција на уникатен и современ начин. Меѓу 20-те музичари на сцена, на бас свири харизматичниот Ashish Vyas, на гитара и ситар свири виртуозниот Rob Myers, додека на перкусии, пак, Frank Orall и Jeffrey Franca. Звучниот инженеринг, програмирање, ритмичките и хармонските делници во живо ги носи продуцентот на бендот и водечкиот авторски двоец Eric Hilton и Rob Garza.
Сепак, она што ги прави THIEVERY CORPORATION можеби и најголемата лајв атракција, се бројните вокали кои ги пејат некои од најголемите химни на овој единствен бенд, како: „Until The Morning“. „Lebanesse Blonde“, „Amerimacka“, „The Heart`s a Lonely Hunter“…, меѓу нив секако се издвојуваат аргентинката Natalia Clavier, која претставува вистинско откритие на бендот, Jeffrey Haynes, Christopher Smith, Racquel Jones.
Една од најзначајните карактеристики на овој бенд, секако, е и сценската продукција која секогаш подразбира изразено визуелно искуство за кое се грижи посебен дел од овој вонсериски уметнички колектив. Покрај атрактивните концерти, THIEVERY CORPORATION исто така, кај светската јавност се познати и по силниот социјален ангажман и антиглобалистичкиот активизам.
THIEVERY CORPORATION во Скопје доаѓа во комплетен состав, а на сцената ќе бидат околу 20 музичари. Настапот на SKOPJE CALLING, е во рамките на нивната европска турнеја на која го промовираат својот последен албум „The Temple od I & I“.
Авалон Продукција како и секогаш, во рамките на своите можности, се труди да ангажира македонски бендови за секој концерт на странски артисти.
Така, овој пат се одлучивме за одличен бенд кој се надеваме дека ќе ги исполни вашите очекувања, пред самиот настап на THIEVERY CORPORATION.
-Ние како бенд сме горди што можеме да направиме чекор напред во нашата кариера, да бидеме предгрупа на еден од најважните бендови во светската музичка сцена, Thievery Corporation. Очекуваме огромен број на посетители и одлична атмосфера, еден феноменален настап на светски бенд и сензација која не толку често може да се доживее. KHARA ќе дадат 110% од своите можности за да придонесат кон целиот настан и да ги исполнат вашите очекувања. Се гледаме на 20-ти јуни!- велат момците од бендот KHARA.Феноменалниот американски бенд кој го предводат Eric Hilton и Rob Garza доаѓаат во Скопје во полн концертен состав, кој брои околу 20 муз

Пронајдете не на следниве мрежи: