Се гради нов објект на ОУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром

Почнаа активностите за изградба на нов објект на Основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром во Општина Гази Баба. За една година се најавува целосно нова училишна зграда до сегашните бараки во кои функционира училиштето, а кои датираат од 1974 година.Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска извршија увид на почнатите активности со кои се планира за новото училиште со целосно нова опрема да бидат вложени 54 милиони денари или 900 илјади евра, обезбедени од Министерството за образование и наука.

Станува збор за крупен проект со кој реализира ветување од Програмата на барање на граѓаните, потенцираа Ристовски и Груевски.
Новото училиште ќе се гради на површина од 2.150 метри квадратни и ќе се состои од приземје и кат. Планот предвидува 12 училници, шест кабинети и библиотека.Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска извршија увид на почнатите активнос

Пронајдете не на следниве мрежи: