„Се грижиме“: УМС на ВМРО-ДПМНЕ им подари пакетчиња на децата од Домот „11 Октомври“

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги израдува дечињата од Домот за деца без родители „11 Октомври”. Тие денеска ги посетија штитениците, им подарија пригодни новогодишни подароци и им ги честитаа новогодишните и божиќните празници.-Од вчера Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја започна акцијата „Се грижиме“, која веќе 4-та година по ред ја реализираме за време на новогодишните и божиќните празници. Во наредните неколку денови ќе поделиме околку 1.000 пакетчиња на деца од социјално загрозени семејства, но воедно и во институции каде што штитеници на тие институции се самите дечиња. Со тоа сакаме на еден начин да им го разубавиме овој период на дечињата и пред се да се дружиме со нив, истакна претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски.
Во оваа акција, покрај младите, ќе бидат опфатени и старите и изнемоштени лица. Од УМС, за време на божиќните празници ќе посетат над 500 лица, се со цел да им покажат дека не се заборавени.
-Од вчера Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја започна акцијата „Се грижиме“, која веќе 4-та година по ред ја реализираме за време на

Пронајдете не на следниве мрежи: