Проектот „Купи куќа за млади“ е исклучителна шанса за младите до 35 години вклучувајќи ги и оние кои наполниле 35 години да го решат проблемот со домувањето, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешната средба во Скопје со градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата „За подобра Македонија“ посветена на побрза реализација на овој владин проект.Досега градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата предложиле вкупно 7.640 понудени парцели за изградба на индивидуални објекти за домување, огромна бројка која се очекува и натаму да расте.
– Тоа е ретка можност која ја нема практично никаде со вакви услови какви што даваме овде во Македонија.Тоа е одлична шанса, меѓутоа не сакаме таа да остане само на хартија. Како политичка партија и како коалиција што има најголем број градоначалници и општини каде што ја доби довербата на мнозинството граѓани на последните локални избори треба да бидеме и најнапред во подготовките и треба да имаме и најголема одговорност кон граѓаните во правец на што е можно побрзо давање понуда за сите оние коишто сакаат да изградат куќа, а пред се младите до 35 години, рече Груевски.
Тој потсети дека на овие локации ќе може да градат куќа и оние лица коишто не ги исполнуваат условите од овој проект, но имаат интерес да го решат своето домување, бидејќи парцелите се продаваат под исклучително поволни услови.
Груевски се осврна и на предностите кои ги дава централната власт на локалната власт во делот на реализација на овој проект и посочи дека во руралните општини кои ќе испланираат во деталните урбанистички планови најмалку 100 локации за изградба на куќи на едно место централната власт ќе ги покрие стопроцентно трошоците за изградба на инфраструктура, водовод и канализација, а средствата ќе се обезбедат преку програмата за рурален развој.
Во урбаните средини кои имаат до 20 илјади жители 90 отсто од овие трошоци ќе ги покрие државата, а 10 проценти локалната власт. Во урбаните средини со 20 до 40 илјади жители, 80 отсто од трошоците ќе покрие државата, а 20 отсто локалната власт. Во средините со над 40 илјади жители 75 проценти од трошоците за инфраструктура за овој вид типски населби со најмалку 100 локации ќе покрие централната власт, а 25 проценти локалната самоуправа.
Се осврна и на изградбата на индустриските зони кои секоја општина, рече, би требало да ги има заради нивно заживување и развој.
– Најважно за секое семејство, за секој човек е да обезбеди вработување и сопствен дом. Кога зборуваме за индустриските зони на општините зборуваме за создавање услови за вработување, каде некој би изградил фабрички капацитети и друг вид услужни дејности, рече Груевски.
Тој информира дека во меѓувреме заради подобро запознавање на јавноста со проектот од Министерството за финансии веќе се отворени 33 подрачни канцеларии за информирање на граѓаните, а од минатата недела започна и караван со цел, како што вели, што поглем број млади да се запознаат со можностите за проектот „Купи куќа за млади“.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески посочи примери за тоа како практично изгледа проектот Купи куќа за млади и по двата модела кои ги нуди – со помош при отплаќање на рати и со учество за добивање на кредит.
Доколку вредноста на кредитот е 30 илјади евра за изградба односно купување на куќа тогаш месечната рата е 200 евра месечно. При тоа со проектот во првите осум години младиот човек плаќа само 40 евра од ратата, а 160 евра плаќа државата. Во наредните три години од враќањето на кредитот 100 евра покрива Владата, а 100 евра граѓанинот. По 12-та година до исплата на кредитот сиот износ си го плаќа граѓанинот. – Тоа е огромна поддршка за младите кои сакаат да додјдат до свој дом, вели Ставрески.
Вториот модел за истиот износ на кредитот од 30.000 евра, Владата, рече, му дава веднаш 7.500 евра како учество за да може да го добие станбениот кредит. Доколку кредитот е 50.000 евра, тогаш учеството изнесува 12.500 евра и стопроценто го покрива Владата.
Тој осообено нагласи дека интересот кај младите за овој проект е над сите очекувања. – Преку 80 луѓе дневно во просек, а некогаш и по сто луѓе доаѓаат во Канцеларијата на Министерство за финансии. Главно се млади или родители. Таков впечаток имаме и на трибините на ВМРО-ДПМНЕ низ градовите. Секаде овој проект наидува на голем интерес и многу прашања, рече Ставрески.
Тој воедно информира дека со караванот за проектот Купи ќука за млади се планира да се посети секоја општина со цел непосредно да се информираат граѓаните за условите на проектот, за тоа кои банки учествуваат во него, кои граѓани може да добијат субвенции и слично. Следната недела караванот ќе ги посети Велес, Св. Николе и Пробиштип, а треба да заврши заклучно со 20 април и посета на Берово и Дебар. Ставрески воедно апелираше до општините што се во напредна фаза со планови за локации заедно со Министерството да учествуваат на Саемот за градежништво што ќе се одржи од 1 до 5 март.
Инаку, Груевски рече дека реализацијата на проектот Купи куќа за млади одблиску го следи и Министерството за транспорт и врски кое досега има понудено шест видови на проекти за изградба на куќи, а во фаза е подготовка на уште шест типски проекти за куќи со различна квадратура од 50 до 200 метри квадратни.
– Граѓаните кои немаат доволно средства да платат архитектонски проект за изградба на нивната куќа ќе можат да искористат едно од типските решенија коишто ги нуди Министерството за транспорт- рече Груевски.
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски информира дека досега има преку 10.000 преземања од нивната веб страница на која се понудени постојните шест типски проекти, а до крајот на летото ќе бидат во можност да изберат од уште шест типски проекти.
Министерството, рече тој, има отворен оглас за помош во изработка на ДУП-овите и досега има пристигнато околу 50 барања
Досега градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата предложиле вкупно 7.640 понудени парцели за изградба на индивидуални објекти за домување, огром