Службите постојано се на терен и им помагаат на семејствата чии домови се под вода по страшното невреме кое викендов го зафати Скопје.Овој жител на Бутел вчера од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски побара да се направи дезинфекција на домовите, откако водата и калта беа извадени од подрумите.
Груевски веднаш го контактираше министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека ќе биде исполнето ова барање на жителите на Бутел.
Само половина час откако Груевски го напушти Бутел за да посети други населени места, екипа од Завод за дезинсекција, дезинфекција и деретизација излезе во пресрет и уште од синоќа екипите беа на терен.
Денес веќе од претпладне се работи на исполнување на барањето. Службите вршат дезинфекција на домовите во Бутел.
Овој жител на Бутел вчера од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски побара да се направи дезинфекција на домовите, откако водата и калта беа изваде