Ликовниот уметник Коле Манев денес пред Собранието на Република Македонија ги прочита барањата на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.Ние граѓаните ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите други кои живеат во нашата татковина бараме:
– Сите политички партии заедно со граѓаните да изготват платформа ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, тука во главниот град на Република Македонија и да ги отфрлат Платформите пишувани во туѓи држави.
– Бараме од политичките партии во преговорите да не помислуваат да усвојат владина програма која не би била изгласана од граѓаните на изборите.
– Бараме од партиите, а посебно од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не допуштат да се гласа во Собранието законот за двојазична Македонија затоа што тоа ќе биде вовед во редефинирање на Македонија.
-Бараме од Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов да го почитува Уставот, да не доделува мандат после истекување на рокот кој веќе е истечен и затоа што давањето на мандатот за платформа од туѓа држава ќе го направи соучесник во разнебитувањето на Република Македонија.Ние граѓаните ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите други кои живеат во нашата татков