Се изборила: Два пати го победив туморот!

„Два пати го победив туморот!“Рано откривање: Душица Косачевиќ сосема случајно на дојката открила дека има израсток. Откриено било дека станува збор за малигно заболување, кое благодарение на навременото откривање успеала да го излечи.
-Мојата борба со ракот започна пред 27 години, кога на мојата мајка и беше откриен тумор на дојката. Направена и беше операција и дојката и беше отстранета. По 15 години откриен и беше тумор и на другата дојка. За среќа и тој го победи. Потоа се разболи мојата сестра па јас- вака ја започна приказната Душица.
Операцијата е само почеток
Како што вели кога првиот пат била оперирана, се надевала дека болеста ќе мирува. Но нејзината борба само што започнала.

 
-Во ноември 2011, само три месеци после редовната контрола, сосема случајно открив дека нешто не е во ред. Отидов на доктор и ми кажа дека ми е дијагностициран тумор. Ме оперираа на 9 јануари 2012 година. Потоа следеше хемотерапија.- раскажува таа.
Позитивен став
-Јас борбата со ракот ја дефинирав како период во кој  ќе започнам поинаку да живеам. Тоа ме спаси. Позитивен став, очекување дека се ќе биде во ред и дека ќе ја победам болеста. Сепак за да се излечи болеста најважна беше превентивата. Затоа апелирам сите жени редовно да ги контролираат дојките- раскажува оваа храбра жена.
-Кога почна да ми паѓа косата, одлучила целосно да ја скратам. Ја избричив целата глава. Така мораше. Иако беше тешко не паднав во депресија, користев убави перики. Носев и марами- раскажува.Рано откривање: Душица Косачевиќ сосема случајно на дојката открила дека има израсток. Откриено било дека станува збор за малигно заболување, кое б

Пронајдете не на следниве мрежи: