Со обвинението за случајот „Транспортер“, што специјалното јавно обвинителство (СЈО) го поднесе овој месец, ретерира во однос на бомбастичните најави за откриен тежок криминал во Општина Битола, што беше изнесено на прес-конференција пред една година. Вака вели Слободан Бончаноски, секретар на Општината, еден од обвинетите, кој ексклузивно за „Дневник“ првпат го коментира обвинението.Да ја потсетиме јавноста за што првично бевте осомничени од СЈО?
– Во април лани СЈО на прес бомбастично најави дека Општината организирала превоз на ученици поскап од Токио. Kако главни организатори бевме осомничени градоначалникот Владимир Талески и јас. Фатиме Фетаи ме нарече константа и ме посочи како претседател на комисијата за јавни набавки. Беше најавено тешко кривично дело – организиран криминал, здружување на 22 соизвршители од училишта, превозни компании, дека на разни начини се плаќале фактурите по цени повисоки од Токио. Така здружено сме го оштетиле буџетот за да се стекнеме противправно со имот. Тоа е едно од најтешките кривични дела, организиран криминал тежок 360.000 евра.
Дали она што СЈО тогаш го изнесе се совпаѓа сега со обвинителниот акт?
– Ретерираат во обвинителниот акт во однос на организираниот криминал за кој н` осомничија. Сега ме обвинуваат за наводна злоупотреба на службената положба и овластување и овозможување на превозниците да стекнат имотна корист како разлика помеѓу вредноста на доставените фактури и вредноста на договорите. За појаснување, тоа значи доставени фактури во поголем износ од договорите, односно надмината вредност на договорите, извршени повеќе услуги од што биле договорени. Нема ни збор дека цените биле високи, не се споредуваат ни со Токио, ни со Струмица, ни со Kуманово, нема ниту збор дека исти фактури се плаќале на неколку начини.
Во кое својство бевте претставен како соизвршител од страна на СЈО?– Првин бев претставуван како претседател на комисијата за јавни набавки и константа, што значи еден од главните организатори во криминалот, а сега ме обвинуваат за злоупотреба на службената положба и овластување како раководител на одделение за администрирање приходи. Претседателот на комисијата е еднаков во правата и обврските со членовите на комисијата, а тие не се обвинети. Јас и како раководител на одделението за администрирање приходи по опис и попис на работни задачи не бев овластен за потпишување на договорите.
Бевте претседател на комисијата за јавни набавки, во обвинението не пишува дека е сторено кривично дело во набавките, а Ве товарат за злоупотреба на положбата?
– Ме товарат дека сум сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Во согласност со Kривичниот законик, направено е дело ,,ако е сторено при вршење јавни набавки или на штета на буџетот“. Во обвинителниот акт не е наведено, ниту се приложени докази дека е сторено кривично дело при вршење јавни набавки, што потврдува дека постапката за јавни набавки е водена во согласност со законот и избрани се најповолните понуди, склучени се договори за вршење на услугите. Со тоа се потврдува дека немам сторено дело во постапката за јавна набавка како претседател на комисијата.
Според обвинението, месечните извештаи училиштата ги доставувале до Општината, од таму знаеле дека се над вредноста, а се исплаќале. Се плаќале и заеми…?
– Месечните извештаи беа обврска на училиштата да ги достават до Општината со целосна одговорност за вистинитоста на податоците. Јас немав обврска, ниту можев да знам дали вредноста е надмината, посебно и од причина што службите што ги добиваа фактурите ги контролираа и книговодствено ги евидентираа. Евидентирањето на сметката заеми не може да биде незаконита ако законодавецот предвидел таква сметка во контниот план на буџетските книговодства. Ваквото евидентирање не е злоупотреба, одговорно се евидентирало колкави средства се исплатиле за бесплатен превоз, што беше обврска да го организира Оштината, но финансирањето беше на Министерството за образование.
Притворот за „Транспортер“ тргна од Вас. Бевте притворен во Шуто Оризари, а потоа минавте и во куќен притвор. Беше ли неопходно да Ве притворат?
– Ако се има предвид дека истрагата се водеше една година во ОЈО, беа доставени докази до Бирото за судски вештачења и завршено вештачење, беа доставени докази до СЈО, а една од причините за притвор е да нема опасност да ги уништам доказите, нека ценат читателите. Втора причина беше да не влијаам на сведоците. Kако кога уште во јануари 2016 година сите бевме повикани во СЈО и дадовме писмени изјави. Трета причина да не се повтори делото, а јас не бев претседател, ниту член на ниедна комисија. И на крајот, постоела опасност да избегам, а беше понудена и мојата патна исправа.
И покрај притворот, се вративте на работа во Општината. Kој беше мотивот?
Во 2006 година кога се јавив на огласот за раководител на одделението за администрирање приходи, комисијата ме праша за мојот мотив за пријавување. Одговорив: „Она што ми е дар од природата како интелектуална способност, она што сум го стекнал како знаење во образованието и искуството во животот и работата, да го применам таму каде што ќе има корист една поголема маса луѓе и ќе пренесам знаење на помлади кадри“. Несебично се вложував, лично се чувствувам исполнет со постигнатото. Се вратив да го завршам мандатот, со голема сигурност во себе дека не сум направил никаква злоупотреба.
Дали судот го прифати обвинителниот акт?
– По добиениот обвинителен акт, јас лично поднесов приговор. Немам добиено одговор дали е разгледан приговорот.
Сардисан од пријави
Освен обвинението од СЈО, како го објаснувате тоа што и од МВР Ви е поднесена кривична пријава?
– Во 2005 година бил склучен договор за закуп помеѓу ЈПС со спортски објекти и закупувач на комплекс од спортски објекти за 25 години со можност да го издава во подзакуп. Во 2012 година Владата ~ го пренесла корисничкото право на Општина Битола. Советот одлучил, ако ги издава во подзакуп, 80 отсто од средствата да ги уплатува во општинскиот буџет. Kривичната пријава е дека јас не сум го известил закупувецот за одлуката на Советот. Јас не сум курир да доставувам одлуки, тие се објавуваат во „Службен гласник“. Три месеци по пријавата немам информација дали е оформен предмет за истрага. Убеден сум дека нема да има постапка, но никој јавноста нема да ја информира за неоснованоста.Да ја потсетиме јавноста за што првично бевте осомничени од СЈО?
– Во април лани СЈО на прес бомбастично најави дека