Луси Смит од Есекс починала на 44-годишна возраст откако се изгребала во бавчата и почнала да чувствува страшни болки. Ако ја откриела болеста на време, денес веројатно би била жива.По трагедијата што и се случила, нејзината сестра реши јавно да проговори за да им укаже на останатите луѓе на болеста што ја уби сестра и.
Се работи за сепса од која секоја година официјално умираат 44.000 луѓе, повеќе отколку што умираат од рак на цревата, дојката и простатата заедно.
Луѓето не сфаќаат дека постојат бројни причинители на сепсата. На пример, од инфекции што вообичаено се поврзани со болести како дијабетесот и ракот, но, тоа може да биде и навидум безопасна повреда како што имаше мојата сестра, објаснува Керолајн.
Луси за време на средувањето во бавчата се здобила со исекотина на раката. Откако не и зараснала недела дена, отишла на лекар.
Петок, 27 март: Луси отишла на лекар, жалејќи се на болки во рамењата. Лекарот и препишал аналгетик и ја пратил на акупунктура. По враќањето дома повраќала и била во силни болки.
Понеделник, 30 март: Прстите и рацете на Луси станале многу црвени и потечени, таа и понатаму повраќала и имала страшни болки. Повторно отишла кај својот лекар кој помислил дека се работи за згрутчување на крвта и ја пратил на анализа на крвта. По 30 минути е утврдено дека има сепса и ставена е на интравенски антибиотици.
Вторник, 31 март: Луси е преместена на интензивна нега и продолжена и е терапијата со зголемена доза на антибиотици.
Среда, 1 април: Луси е ставена на апарати за дишење. Во текот на тој ден почнале да и откажуваат органите и починала истата вечер.
Извештајот на патологот потврдил дека починала од токсичен шок, наречен сепса.
Ако Луси веднаш направеше крвна анализа, ќе добиеше третман кој и е потребен многу порано и уверена сум дека резултатот ќе беше различен, вели Керолајн.
Симптомите на сепсата се слични на многу други болести, и затоа е важно да се направи крвна анализа, заклучува Керолајн.По трагедијата што и се случила, нејзината сестра реши јавно да проговори за да им укаже на останатите луѓе на болеста што ја уби сестра и.