СЕ ИЗНЕНАДИЛ по тестот за татковство: Таткото на вашето бебе е вашиот нероден…

Простете господине, но вие не сте таткото на вашето новородено бебе, вашиот нероден брат му е татко!Ова му било соопштено на еден 34-годишен маж, која моментно е единствениот познат случај на човечка химера – организам составен од две или повеќе различни генетски клетки, пишува „Индепендет“.
Сè почнало кога двојка од Америка дознала дека нивниот син, роден сосема здрав во 2014 година со помош на вонтелесно оплодување, има различна крвна група од родителитe. Загрижен, сопругот купил тест за татковство и дознал дека неговата ДНК не се совпаѓа со ДНК на неговиот син.
Лекарите од клиниката ги уверувале дека не се случила замена, а двојката решила да ангажира и адвокат.
По препорака на адвокатот, таткото и синот направиле ДНК-тест на потеклото и се дознало дека генетскиот татко, всушност, му е чичко на својот син.
Со други зборови, таткото ги впил гените на својот брат близнак, кој умрел во матката, а потоа тие гени ги пренел на својот син.
„Човечките химери се вообичаени, но многу е тешко да се откријат. Најчесто се покажуваат во вакви невообичаени случаи“ – заклучил биологот Бери Стар.Ова му било соопштено на еден 34-годишен маж, која моментно е единствениот познат случај на човечка химера – организам составен од две или по

Пронајдете не на следниве мрежи: