Се извлекуваат тела од корејскиот траект: Бројот на загинати порасна на 52

Плач и болка ги исполни корејските брегови додека спасувачките екипи едно по едно ги носеа телата на загинатите од потонатиот брод. Се уште се трага по 250 патници кои се заробени во бродот.Дури и полицајците кои ги пренесуваа телата не можеа да ги задржат солзите. Тие со четири полициски бродови ги пренесле телата од потонатиот траект до брегот.
Роднините на загинатите се во очај. Еден маж притрчал кон полицајците кои носеле тело на некој негов близок и постојано викал: „Разбуди се! Разбуди се!“

 
Капетанот на бродот вчера беше уапсен. Ќе му се суди за непочитување на морнарските закони и за небрежност на работното место. Тој изрази жалење за несреќата и велеше дека правел се за патниците да се безбедни.
Капетанот бил еден од луѓето кои први се спасиле, со што го прекршил поморскиот закон, кој гласи дека капетанот на бродот што тоне секогаш го напушта последен.Дури и полицајците кои ги пренесуваа телата не можеа да ги задржат солзите. Тие со четири полициски бродови ги пренесле телата од потонатиот траект

Пронајдете не на следниве мрежи: