Се каете за тетоважата? Сега тоа е минато!

Може секому да му се случи.  Одлуката за тетоважата што се чинеше како одлична идеја на почетокот, се претвори во доказ и физичка манифестација на вашето каење. Некои одлучуваат да ги покријат со поголема тетоважа или со шминка, додека пак другите посегнуваат по ласерско отстранување. Но сето тоа наскоро ќе се промени. 
Тим студенти по хемија и биомолекуларно инженерство развија нов вид на мастило за тетоважа што лесно може да се избрише по повеќе денови, месеци па дури и години откако „делото ќе биде сторено“. Наместо да се подложувате на сериозна болка и трошок за да го отстраните името на бившиот со ласер, оние што се истетовирале со мастилото „Epehmeral“, треба само да го посетат салонот за тетовирање, да купат специјална маст за отстранување и да ја намачкаат врз тетоважата. Се разбира, можете да избришете и делови од тетоважа што сакате ја корегирате.
Со оваа технологија, се наѕира уште поголемо продирање на тетоважите на пазарот, овој пат вклучувајќи ги и оние што не се осмелувале да се истетовираат. Но, се наметнува прашањето: Ако тетоважите станат толку краткотрајни, дали можеби тоа ја менува нивната тежина и значење? Одлучете сами.
  
Тим студенти по хемија и биомолекуларно инженерство развија нов вид на мастило за тетоважа што лесно може да се избрише по повеќе де

Пронајдете не на следниве мрежи: