Се мажи Емилија Пендева, најубавата тату мајсторка

Емилија Пендева, прочуен тату мајстор во земјава, позната и како девојката од спотот за песната „Лејди“ на Тоше Проески, рипна во тавче. 
Убавата Емилија, и нејзиниот вереник Горан Коруновски ја закажале свадбата за оваа пролет, во јуни во Скопје. Тие се заедно неколку години, а се свршија на крајот од минатата година.
За дневниот весник „Вест“, Емилија го изјави следново: „Јас и Горан се знаевме долг период и бевме најдобри другари. Се се случи спонтано пред неколку месеци кога јас на шега му реков дека сакам да ми биде сопруг. Тој ме погледна и ми рече : “Па ајде”, што тотално ме збуни… Целиот настан беше проследен со солзи-радосници и така почна нашата приказна. Секој заеднички момент ни е интересен и оригинален поради што ни самата долго време не можев да поверувам дека го најдов вистинскиот човек за мене но ете се случи…“
Идниот сопруг на Емлија, баш како и неа, е голем обожавател на тетоважи. И тој самиот го има украсено телото со овој вид на уметност.
Извор: ВестЕмилија Пендева, прочуен тату мајстор во земјава, позната и како девојката од спотот за песната „Лејди“ на

Пронајдете не на следниве мрежи: