Џени Тејт (36 год) од Шрузбери имала речиси 130 килограми и толку се срамела од својот изглед што секогаш носела широка облека и избегнувала секс со мажи со запалено светло. Речиси 12 години нејзиниот сопруг Скот (44 год) ја немал видено гола. Но, повторно и се вратила самодовербата откако ослабнала речиси на половина од тежината.Но, по слабеењето следел шок: нејзиниот брак се распаднал и таа и Скот се развеле. Во моментот кога била најтешка го терала сопругот да чукне на вратата за да не ја затекне гола. „Се плашев дека ќе се згади од моите млитави делови на телото, но за среќа беше полн со разбирање и никогаш не се бунеше. Кога подобро ќе размислам, мислам дека мојата параноја го зема данокот во бракот“, се сеќава Џени.
Џени и во детството се борела со килограмите, а на 13 години морала да го промени училиштето бидејќи другите деца ја задевале. Кога ја изгубила секоја надеж дека некогаш некому ќе му се допадне, го сретнала Скот. Нивниот брак бил прекрасен, иако тој никогаш не ја видел без облека. „Се криев под чаршафите за да не може да види ни милиметар од мојата кожа. Постојано ме убедуваше да го променам мислењето, но мислев дека ако ме види гола ќе му се згади“.
Наеднаш Џени решила да ослабне, почнала да вежба и да се храни поздраво, внесувајќи повеќе овошје и зеленчук. Но, иако се надевала дека новиот изглед ќе донесе страст во нејзиниот брак, тој донел развод.
„Толку бев опседната со својот изглед што престанавме да излегуваме, а немавме ни за што да разговараме. И двајцата бевме разочарани од тоа, но знаевме дека е најдобро за двајцата“, објаснува Џени.
Сега таа конечно ја има самодовербата за која сонуваше и се надева дека повторно ќе успее да ја најде љубовта. „Во моментов одам на состаноци и ја откривам новата јас. Налетав на некои опасни типови, но нема да дозволам тоа да ме попречи. Знам дека вистинскиот е таму некаде, и овој пат нема да ми биде страв да ме види гола“, заклучува Џени.Но, по слабеењето следел шок: нејзиниот брак се распаднал и таа и Скот се развеле. Во моментот кога била најтешка го терала сопругот да чукне на вр
Пронајдете не на следниве мрежи: