среда, 25 ноември 2026
Најново

Се намалува адвокатската тарифа за договорите со вредност од над 10.000 евра

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Управниот одбор на Адвокатската комора на Република Македонија донесе Одлука за намалување на Адвокатската тарифа во однос на договорите со вредност од над 10.000 евра, кој во согласност со новиот Закон за нотаријат задолжително треба да бидат изготвени од адвокат. Воедно, за состав на овие договори повеќе нема да се пресметува ни износот од 30 отсто на име паушал, соопшти денеска Адвокатската комора.Во постапките за издавање на платен налог, како што информираат, адвокатските трошоци ќе се пресметуваат во износ од 70 отсто од адвокатската награда и нема да се наплатува состав на полномошно и трошковник.
Во соопштението се потенцира дека со овие измени на Адвокатската тарифа, Адвокатската комора дава придонес во заштитата на граѓаните и на правните субјекти од несразмерно оптеретување со трошоци.
– Доколку ваквиот став на Адвокатската комора го следат и останатите субјекти во постапките, со намалување на надоместоците на нотарите и извршителите во постапките, ќе дојде до значително финансиско олеснување на граѓаните и правните субјекти во остварување на нивните права во овие постапки, стои во соопштението од Адвокатската комора.Во постапките за издавање на платен налог, како што информираат, адвокатските трошоци ќе се пресметуваат во износ од 70 отсто од адвокатската награ

Поврзани вести