Ременски побарала од државниот секретар на министерството да го прекине годишниот одмор на вработените кои веќе го користат и да не одобрува користење на годишен одмор кои веќе тоа уредно го побарале, пишува НетПрес.Пред само два дена вработени во министерството за труд и социјална политика кои сакаа да останат анонимни, искажаа стравување за работната атмосфера и од она што може да го направи Фросина Ременски, знаејќи ги методите со кои се служи и фрустрациите кои ги покажувала во минатиот мандат.Во вторникот техничката министерка неосновано и незаконски побарала прекин на годишните одмори на вработени и забрана да им се овозможи на неколку кои уредно го побарале.
Страв и исчекување, разместувања и занимавање со работи кои не се во надлежност на министер, скандал по скандал… Tака ја опишуваат вработените траорната атмосфера во зградата на министерството за труд и социјална политика после доаѓањето на техничката министерка.
Поодмаздољубива е од порано, велат нашите извори. Секое утро се плашат од некое „балтазаровско” решение од Фросина Ременски. Спротивно од улогата која треба да ја има како технички министер за спроведување на избори, според нашите информации, таа со одлуките кои ги носи се однесува како доживотен министер за труд и социјална политика.
Иронично, но, вистинито, министерот за труд и социјална политика кој треба да е во заштита на работничките права, од она што го дознаваме, сега најбрутално го повредува и прекршува Закон за работни односи и постапува спротивно на Меѓународните конвенции.
Toa беше случај и претходно, во првиот мандат на Ременски кога медиумите известуваа дека оставила без осигурување 2.448 луѓе вработени во министерството, центрите за социјална работи и јавни установи како и 566 корисника сместени во јавните установи и целиот движен и недвижен имот на министерството. Имотот на институциите не беше осигуран ниту од пожар, поплава, а ниту пак од кражба
Најново од Фросина Ременски е тоа што побарала од државниот секретар на министерството да го прекине годишниот одмор на вработените кои веќе го користат и да не одобрува користење на годишен одмор кои веќе тоа уредно го побарале. Покрај кршењето на уставното загарантирано право на вработените за искористување на право на годишен одмор и Закон за работни односи, техничката министерка прави упад во надлежностите на државниот секретар кој е исклучиво надлежен за организација на работата во министерството.
Нашите извори коментираат дека не постои никаков зголемен обем на работни обврски во министерството кога полека се влегува во предизборен период и е водено од технички министер за спроведување на избори. Ова, како што не информираа вработените, е желбата на Ременски, да изигрува полицаец и да дисциплинира.
Со упатеното известување до државниот секретар таа индиректно напоменува доколку не ја послуша тоа ќе се одрази на вработените.
Едно од основните права од работен однос е и правото на годишен одмор. Од ова право работникот не може да се откаже, нити пак работодавачот може да му го ускрати правото на користење на годишен одмор. Правото на годишен одмор како право е утврдено и загарантирано и со Уставот поточно член 32 став 4 од Уставот на Република Македонија кој гласи: „Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права вработените не можат да се откажат”.
Исто така и Законот за работни односи е јасен во врска со прашањата за правото на годишен одмор и во кои се содржани основите и условите за остварување на ова право. Пред се’, како што нагласува Законот, целта на годишниот одмор е работникот да го искористи своето право на годишен одмор како предуслов за нормално и тековно извршување на работни обврски, што придонесуваат и за зголемување на продуктивноста при работата.Притоа според член 137 став 1 работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена и став 4 работодавачот е должен да му издаде решение за право на користење на годишниот одмор. Додека пак необезбедувањето на правото на годишен одмор на работникот и неиздавањето на решение за годишен одмор, со членот 265 став 1 точка 14 од законот е санкционирано како прекршок, за кое е утврдена глоба во определен износ, за работодавачот и одговорното лице кај работодавачот.
Со Конвенцијата за платени одмори која како држава ја имаме ратификувано бр. 132 член 9 став 2 е уредено дека за секој дел од годишниот одмор кој е подолг од минималното траење, може, со согласност на работникот да се одложи на некое време што ќе го определат двете страни.
Останува нејасно зошто техничката министерка го ускратува правото на годишен одмор, бидејќи од приложеното бара прекин на користење на годишни одмори чие користење го дозволил државниот секретар? Зошто Фросина Ременски се обидува да ги преземе ингеренциите на државниот секретар кој е единствено надлежен за организирање на работата?
Дел од вработените со кои комунициравме, посочија дека ќе ги искористат сите правни средства во заштита на своите права. Велат дека се изиграни и дека се изложуваат на непотребни трошоци за откажување на фамилијарните планови. Не е исклучено да реагираат и до меѓународните организации.
Очигледно продолжува првиот серијал на притисоци и закани во министерството за труд и социјална политика. Ова клучно министерство кое внесено во хаос и системски распад во таква состојба нема да може да одговори на потребите на граѓаните и да ги спроведува своите надлежности.Пред само два дена вработени во министерството за труд и социјална политика кои сакаа да останат анонимни, искажаа стравување за работната атмосфер