Хелен Галсворт во тинејџерските денови имала голем проблем со депресијата па спасот го нашла во кокаинот. Па пробала да си го одземе животот, лежејќи на железничка пруга Хелен ја удрил воз, по што ги изгубила двете нозе до колена. Денес синот Томас ја прави најсреќната мајка на светот.
Сега е насмеана мајка, но пред седум години Хелен била несигурна девојка која можеби и ќе успеела во намерата да си го одземе животот, доколку непосредно по несреќата не наиде еден маж кој ја одведе во болница.
– Легнав на пругата, ги затворив очите, ставив слушалки на уши, пуштив музика и го чекав возот да ме удри. Но не беше се како што планирав, изјави Хелен.
Штом почувствувала огромна болка од ударот, Хелен сфатила дека згрешила. Видела огромно количество на крв околу себе. Ампутирањето на нозете и е уште едно големо разочарување.
– Кога ги изгубив нозете, мислев дека мојот живот е готов, но сега имам мотив да живеам. Томас ми покажа дека сум на овој свет со причина, вели Хелен и додава дека се сомневала оти никогаш нема да најде партнер, ниту пак дека ќе роди дете. Но мајчинството отсекогаш било нејзина желба.
Сега таа студира а животот и е олеснет благодарение на протезите кои ги користи. Па пробала да си го одземе животот, лежејќи на железничка пруга Хелен ја удрил воз, по што ги изгубила двете нозе до колена. Денес синот Тома



