Се обидуваат да го урнат Груевски, утре на ред ќе дојде Вучиќ

Оние што денеска се обидуваат да го урнат Милован Додик, кои истото го прават и со Никола Груевски, утре тоа ќе се обидат да го направат и со Александар Вучиќ бидејќи тие не сакаат да имаат силни лидери и силни земји. Ним им се потребни слаби политичари, луѓе што не се во состојба да направат ниту сопствена влада, туку тоа мора да им го прави странска амбасада, изјави Драгомир Ангелковиќ, српски аналитичар на неодамнешната дебата во Белград на тема: „Палењето на Балканот – од Македонија до Република Српска“. На дебатата што ја организира Центарот за развој на меѓународната соработка се зборуваше за обидите за дестабилизација на повеќе земји во регионот.Аналитичарот Ангелковиќ како пример за обидите за дестабилизација ги наведе Република Српска во рамките на БиХ и Македонија. Според него, на странските фактори им „требаат луѓе што не се во состојба да победат на некои избори туку некој мора да ги инсталира“.
– Kога таквите се на чело на некои земји, тогаш тие земји се провизориуми. Тие земји се евро-атлантска периферија што ќе ја извршува секоја задача што им се поставува од страна. Тоа не смееме да го дозволиме бидејќи скапо ќе не чини. Само со јакнење на солидарност и на патриотизам ќе спречиме Балканот да стане буре барут, потенцира Анѓелковиќ.
На дебатата како пример е земен односот на меѓународната заедница кон актуелниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, а кон кого САД и ЕУ порано гледале позитивно за сега тој да стане предмет на нивната сатанизација. Причината за тоа, според учесниците, била во сознанието на Додик дека се менува геополитичката структура во светот и дека се менува односот на силите во светот.
Додик, пак, рече дека не треба да се верува во добрите намери на Западот кон Балканот и кон Србија. Тој потенцира дека никогаш досега не била поголема опасност од исчезнувањето на Република Српска.
– Во Србија може на власт да биде кој сака, и некој кој има сосема спротивни ставови од Слободан Милошевиќ, но тие пак ќе ја казнуваат Србија бидејќи со неа некогаш владееше Милошевиќ. Американците и западните сили сакаат Република Српска да остане празна лушпа која ќе се претопи во Босна и Херцеговина. Јас на тоа остро се спротивставувам и порадди тоа ме сатанизираат и ме прогласуваат за криминалец преку „жолта револуција“ – изјави тој.
Според него, единствено решение е враќање на изворната Дејтонска спогодба според која Република Српска има право на своја војска и даночна сувереност, но што го укинал високиот претставник на меѓународната заедница.
– Странците се фрустрирани поради неуспешните притисоци врз мене и поради моето истрајување да не попуштам и да не дозволам да се смени името на Република Српска и да се укине полицијата. Воопшто не ми се невообичаени „жолтата револуција“ и криминализацијата на раководството. Сите функции што ги извршував сум ги добил благодарение на чесни победи на изборите, рече Милорад Додик.
Додик: Инцко, Ешдаун и Петрич се политички криминалци
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик остро го критикуваше работењето на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко, како и на неговите претходници.
– Се работи за сериозни политички криминалци што сакаа да ја урнат РС. Инцко прима 24.000 евра месечно, никаде не плаќа данок, му плаќаат две патувања месечно до Австрија. Тој е најочигледен криминалец и не само тој, туку и сите високи претставници – Педи Ешдаун и Волфганг Петрич. Ешдаун е лажго, криминалец и кретен. Се обидов да го тужам и тогаш првпат добив сериозни закани. Ми кажаа дека ќе имам проблеми со голема држава, рече тој, додавајќи дека во БиХ владее „амбасадорократија“. На дебатата учествуваше и македонскиот новинар Миленко Неделковски.
Бранко Ѓорѓевски за ДневникАналитичарот Ангелковиќ како пример за обидите за дестабилизација ги наведе Република Српска во рамките на БиХ и Македонија. Според него, на странс

Пронајдете не на следниве мрежи: