Три илјади и три домаќинства го имаат добиено авансот до 500 евра, а до крајот на месецот се очекува да го добијат и сите домаќинства што беа опфатени со поплавите. На седница на Влада е одлучено отштета да се исплати и на оштетените домаќинства во Кисела Вода, Ѓорче Петров, Бутел, Чаир, а за Шуто Оризари дополнително ќе биде исплатена.Ова го соопшти денеска Никола Тодоров, претседател на Координативното тело, кој го посети Стајковци, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, градоначалниците на Град Скопје и на Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски.
Откако ќе биде донесен ребалансот на Буџетот во Собранието на Република Македонија, се очекува и за два до три месеци да биде исплатена и 100 процентната штета, врз основа на претходно направената проценка на оштетувањата на оние кои беа зафатени од поплавите.
Инаку, во Стајковци веќе е нормализирана инфраструктурата, по поплавите на 6. август.
Како што информираа надлежните, од 56 улици во Стајковци, три се веќе асфалтирани, 11 се подготвени за асфалтирање. Нагласија дека ќе бидат асфалтирани сите улици што и пред поплавите биле со асфалт, но и оние што претходно не биле. Станува збор за 20 километри асфалт во сите населени места кои беа поплавени.
Вредноста на инвестицијата за обнова на инфраструктурата е шест милиони евра. Ќе се работи на терен, нагласија надлежните за време на денешната посета на Стајковци, се додека дозволуваат временските услови.
Истовремено се работи и на водоводите и на фекалната канализација каде што е потребно, а ќе биде направена и атмосферска канализација.
Се очекува и за две до три недели да почне обновувањето на обиколницата која што беше оштетена за време на поплавите, за што инвестицијата е шест милиони евра.
Дополнително инвестирани се и 1,2 милиони евра за механизацијата која била ангажирана на терен за изнесување на шутот.Ова го соопшти денеска Никола Тодоров, претседател на Координативното тело, кој го посети Стајковци, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Г