Се одложува изградбата на „Турскиот тек“

Изградбата најавуваниот гасовод „Турски тек“ е одложена, бидејќи руски „Газпром“ и турската државна компанија „Ботас“ не можат да го постигнат конечниот договор, пренесе „Вечерње новости“.Експертите велат дека до откажување од гасоводот дошло не само од економски причини, туку и заради заладувањето на односите меѓу Анкара и Москва по неодамнешниот говор на Путин во Ереван, кадешто го осуди геноцидот врз Ерменците во 1915-1917 година, кој го направи османлиската војска.
Веста што вчера ја објавија руските медиуми, за многумина претставуваше изненадување бидејќи до неодамна претставници на „Газпром“ и „Ботас“ даваа оптимистички изјави. Наводно, преговорите навистина биле блиску до компромис и договорот за попуст на цената на гасот што „Ботас“ би ја добил од рускиот партнер. Но, по 1,5- месечните разговори, компаниите на крајот, сепак, не можеле да се договорат како ќе се применува формулата за попустот што би го добиле Турците.
Руските медиими тврдат дека „Газпром“ веќе има загуби. Бродовите што требаше да ги поставуваат цевките на дното од Црно Море стојат во руските пристаништа, а Турците губат бидејќи наместо да користат попуст на цената на гасот, сега го плаќаат гасот сто долари поскапо од просечната европска цена. Сега Турците илјада кубици гас плаќаат 370 долари.
Наместо да се договори со Москва, Анкара сѐ повеќе купува течен гас. Во април, Турција од „Газпром“ купи 38 отсто помалку гас отколку лани во истиот период.Експертите велат дека до откажување од гасоводот дошло не само од економски причини, туку и заради заладувањето на односите меѓу Анкара и Моск

Пронајдете не на следниве мрежи: