Александар Соколовски во машка и Мери Јанева во женска се победниците во сениорска конкуренција на овогодинешното Државното поединечно првенство во куглање за сениори и јуниори за 2014 година, кое се одржа изминатиов викенд во кугланите во СЦ “Борис Трајковски” и “Мусандра” во ГТЦ.Во машката конкуренција во категорија сениори, првите три места ги освоија играчи на шампионот “Макпетрол”, каде Александар Соколовски во двата дена собори вкупно 1228 дрва, Сашо Трпковски го освои второто место со 1197 соборени дрва, додека третото место му припадна на Виктор Николовски со вкупно 1174 соборени дрва.
Во женска категорија, победник во јуниорска и сениорска категорија е Мери Јанева, која во двата натпреварувачки денови успеа да собори вкупно 1055 дрва. Втора во сениорска категорија е Тања Трпковска со 1025 соборени дрва, додека третото место го освои Данче Гијевска со 1019 вкупно соборени дрва.
Во натпреварите во машка конкуренција, во категоријата јуниори, најдобар резултат постигна Кристијан Костов со 1117 вкупно соборени дрва, второто место му припадна на Кире Георгиевски со вкупно 1056 соборени дрва, додека третото место го освои Никола Андоновски со вкупно 1050 соборени дрва.
Во женска категорија јуниори победи севкупниот победник во женска категорија Мери Јанева, второто место го освои Ивона Кузмановска со 940 соборени дрва, додека третото место го освои Ана Печенковиќ со 794 вкупно соборени дрва.
На државното првенство учество зедоа вкупно 32 натпреварувачи во машка и 9 во женска конкуренција, кои се натпреваруваа во две серии по 120 кугли, а победниците беа одлучени со вкупниот збир на соборени дрва.
Резултатот кои го постигнаа јуниорите(ките) се сметаше и за сениорска конкуренција.
Резултатот кои го постигнаа јуниорите(ките) се сметаше и за сениорска конкуренција.Во машката конкуренција во категорија сениори, првите три места ги освоија играчи на шампионот “Макпетрол”, каде Ал