Вчера /10.02.2015 година, вторник/ се одржа редовна седница на Извршниот Одбор на Кугларската федерација на Македонија, на која беа донесени поголем број на одлуки и беа усвоени поголем број на извештаи.На седницата беше усвоен редоследот на натпревари од вториот дел од првенството на македонската кугларска лига, која и официјално ќе започне од 21.02.2015 година.
Извршниот Одбор на Кугларската федерација на Македонија расправата по Извештајот на Регистрационата комисија за мини преодниот рок, којшто се одржа минатиот месец, како и по приговорите во однос на дел од одлуките, реши да ја одложи расправата за четврток.
На предлог на Претседателот на Извршниот Одбор на Кугларската федерација, Александар Бичиклиски, дискусијата и расправите по овие точки ќе бидат целосно транспарентни и во присуство на сите инволвирани страни вклучени во поднесените приговори (играчи и претставници на соодветните клубови).На седницата беше усвоен редоследот на натпревари од вториот дел од првенството на македонската кугларска лига, која и официјално ќе започне од 21.