Се одржа уште еден стрелачки турнир во Македонија

Викендов се одржа традиционалниот Стрелачки турнир во организација на Градскиот стрелачки сојуз.Во неделата на стрелиштето Камник во Скопје, во организација на Градскиот стрелачки сојуз – Скопје се одржа традиционалниот стрелачки турнир „Македонска стрелба 2013“.
Натпреварот во дворачно пукање со пиштоли во слободен стил и, како што додава организаторот, на македонски начин, беше организиран на ниво на професионалци и аматери во машка и женска категорија.
Во категоријата на мажи – професионалци во поединечна конкуренција, во која што се натпреваруваа вработени во АРМ и МВР, како и активни стрелци, како најдобри се покажаа: Зоки Георгиев, кој го освои првото место, Мартин Гелевски,кој се рангира како втор и Раде Ефтоски, кој беше третопласиран.
Меѓу учесниците во категоријата на мажи – аматери во поединечно стрелање, најуспешен беше Дончо Давчев, второто место го освои Драган Дамјановски, а трет беше Владимир Цветанов. 
Во категоријата на жени во поединечна конкуренција прворангирана беше Анета Марковска, на втората позиција се пласира Натка Лазарева Симовска, додека третото место и припадна Срна Куновска.
Најдобрите поединци, т.е.  првопласираните и второпласираните  натпреварувачи организаторот симболично ги награди со македонска пушка и македонски пиштол.Во неделата на стрелиштето Камник во Скопје, во организација на Гра

Пронајдете не на следниве мрежи: