Вицепремиерот задолжен за европски прашања Арбр Адеми, го водел состанокот, а учествувале и Питер Глерим, тим лидер на експертите кои пристигнаа во Република Македонија преку Европскиот механизам за цивилна заштита и Луиза Винтон, постојан координатор на ООН и на УНДП во Македонија.Вицепремиерот Адеми истакнал дека целта на овој состанок е да се добие појасна слика за целокупната донаторската поддршка која до овој момент е обезбедена од страна на билатералните партнери, за која првично се разговараше на минатонеделниот состанок. Глерим информирал за улогата и поддршката која ја обезбедува Механизмот за цивилна заштита, за координацијата на помошта која веќе е добиена и помошта која дополнително ќе пристигне, а ги презентирал и советите кои се однесуваат на листата за потреби, геохидролошките проблеми и проблемите со канализацијата, како и начините на кои тие ќе се решаваат и ќе се санираат настанатите штети.
Како што соопшти денеска кабинетот на вицепремиерот Адеми, тој им се заблагодарил на сите донатори за нивната подршка и ги охрабрил редовно да ја пријавуваат помошта која ја донираат, со цел да се добие посеопфатен преглед за доанациите.Вицепремиерот Адеми истакнал дека целта на овој состанок е да се добие појасна слика за целокупна