Се огласи и Лино Червар за историскиот успех на Вардар

Македонскиот ракометен шампион Вардар, од вчера е и европски шампион по победата над ПСЖ во Лигата на шампионите. Европското злато и „Вардарци“ утре пристигнуваат во Скопје, а за успехот кој се запиша во ракометната историја говори и тренерот на Металург и селектор на Хрватска Лино Червар за Индекс.хр.Вардар направи страшна работа. Она што го направија во финалето е чудесно. ПСЖ на некој начин е репрезентација на светот. Имаат најдобри играчи, далеку поголеми плати и пак тоа не им беше доволно. Одушевен сум, а особено ми е драго поради нашите тројца репрезентативци. Овој успех на Вардар на некој начин е и триумф на Металург бидејќи Чиндриќ, Борозан и Марсениќ беа мои играчи кои јас ги открив. Меѓутоа сопственикот на Вардар, Самсоненко вложи многу пари во клубот и на тој пазар ние не можевме со него. Овој успех на Вардар во ваква конкуренција е супер работа за ракометот како спорт. Се надевам дека сфативме и ние во Хрватска како функционираат работите и кој е рецептот за европски првак, вели Лино кој за хрватски Индекс открива каков статус има ракометот во Македонија.
-Не знам дали знаете но Вардар покрај машкиот првак во ракомет има и женско финале. Македонија не е спортска велесила, дури ни ракометна, но она што го направија оваа сезона е плод на повеќегодишно вложување во составот. Вардар има подобри услови од сите ракометни клубови од Европа. Инфраструктура, сала, комплекс за тренинг и исте пропратни содржини… ние во Хрватска за такви работи може само да сонуваме. ПСЖ колку и да е богат, игра во сала која некогаш била складиште, а Вардар игра во храм на ракометот . овој успех не е дојде преку ноќ. Она што се случи во Келн е само потврда за правилното вложување на Русинот. Додека Металург е исклучиво македонски проект, Вардар е европски, луѓето вложуваат и нивната работа може да ни биде школа. Во Хрватска немаме ниту пристоен градски фудбалски стадион, а не па нешто повеќе. Знаете каде Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед ќе го играат натпреварот од Суперкупот сега во август? Во Скопје, кој има далеку најмодерен стадион на Балканот. Ние се зафркаваме со нив и велиме дека за нас се политички нестабилна земја, вели Червар.
На прашање на новинарот, Червар објаснува како победата на Вардар е прекрасна работа за ракометот.
-На сите им покажаа како треба да се работи. Можеби не се богати како ПСЖ, но докажаа дека без посериозни вложувања и без долгорочни планови никаков успех од повисок ранг не е можен, е дел од одговорот на хрватскиот стратег.Вардар направи страшна работа. Она што го направија во финалето е чудесно. ПСЖ на некој начин е репрезентација на светот. Имаат најдобри играчи, да

Пронајдете не на следниве мрежи: