Најмалку 50 луѓе загинаа, а над двесте се повредени во нападот извршен денеска на музички фестивал во Лас Вегас, изјави шерифот на градот, Џозеф Ломбардо.Полицијата во Лас Вегас соопшти дека во нападот се убиени и неколкумина полицајци кои не биле на должност.
Се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп кој упати сочувство до семејствата на загинатите.
Според полицијата, засега не е можно да се потврди дека било пукано од неколку места кон луѓето кои присуствувале на музичкиот настан.
Лицето осомничено за нападот во Лас Вегас е идентификуван како 64-годишен белец Стивен Педок од Невада.
Полицијата го застрела во хотелска соба, на 32. кат од хотелот Менделеј Беј, од каде усмрти најмалку 50 лица.
Полицијата ја пронајде неговата придружничка Марли Данли, која им е потребна за сослушување. Таа е Азијатка, висока 150 сантиметри и тешка околу 50 килограми.
Напаѓачот во Лас Вегас имал значителна предност со оглед на тоа дека бил поставен високо над жртвите, изјави за Си-Ен-Ен специјалниот агент на ФБИ во пензија Џејмс Галијано.
– Со 30.000 луѓе, притиснати во мал простор…тој требал само да цели во центарот и да го притисне орозот, вели експертот.
Гладејќи и слушајќи ја снимката, поранешниот ФБА агент верува дека напаѓачот користел воен митралез, а паузите меѓу пукањето сугерираат дека тој или го полнел повторно оружјето или се обидувал да се забарикадира во хотелската соба и да спречи да влезе полицијата.
Си-Ен-Ен објави дека ова е најсмртоносниот напад во историјата на САД. Минатата година во јуни во ноќниот клуб „Пулс“ во Орландо беше извршен оружен напад во кој загинаа 49 луѓе.
Полицијата во Лас Вегас соопшти дека во нападот се убиени и неколкумина полицајци кои не биле на должност.
Се огласи и американскиот претсе