Како гром од ведро небо денеска се појави информацијата дека еден од најславните парови на естрадата ја прекинал врската, преубавата Далматинка Јелена Розга повторно е без партнер.Јелена Розга и Стјепан Хаузер врската ја прекинаа после две и пол години, иако беа и верени. Пејачката поради ова реши да се обрати пред медиумите.
-На овој начин сакам да им соопштам на медиумите дека Стјепан и јас одлучивме да ја прекинеме врската и да тргнеме секој по свој пат. Позади нас оставаме убави спомени и се вртиме кон иднината и новите животни радости. Им се заблагодаруваме на медиумите на разбирањето што за оваа тема не сакаме да зборуваме. Тоа е наша заедничка одлука и ве молиме да не почитувате, порача Розга преку својот претставник за медиуми.
Машките фанови на Јелена Розга не ја кријат радоста што таа повторно е слободна.
Јелена Розга и Стјепан Хаузер врската ја прекинаа после две и пол години, иако беа и верени. Пејачката поради ова реши да се обрати пред медиумите.