Украинската пејачка Руслана, од Вашингтон му се обрати на претседател Владимир Путин да престане да ја турка нејзината земја во војна.- Претседателе Путин, повлечете се. Никој не мора да умре. Не треба веќе да има страдање, порача Руслана, и тоа на руски јазик.
Руслана Лужичко, која е поддржувач на протестите организирани од партиите кои сега ја сочинуваат украинската Влада, имаше емотивен настап пред новинарите собрани во Националниот новинарски клуб во Вашингтон, завршувајќи ја долгата прес-конференција со изведба на украинската химна.
Таа обвини дека руските власти, кои ги поистовети со поранешната советска тајна служба КГБ, спроведуваат кампања чија цел е да се предизвика војна и поделба на Украина, за потоа да може про-руските делови на оваа земја да се користат за шверц и други криминални активности.
Таа го повика рускиот народ да се крене на бунт против претседателот Путин, на кого му порача дека е време да се пензионира, додавајќи дека е доволно богат за такво нешто. Од друга страна, Руслана се соочи со тешки прашања од собраните новинари, за тоа најавите за кратење на малцинските права на етничките Руси во Украина, про-нацистичките групи кои се појавија на протестите во киевскиот плоштад Мајдан, како и за тоа дали украинската опозиција е финансирана од американската владина Национална фондација за демократија.
Според Руслана, ваквите информации се подметнати од страна на Кремљ, и се дел од кампањата која се води против Украина. Таа ги повика американските новинари да ги посетат интернет страниците на кои новите украински власти и групите од Мајдан ги претставуваат лажните фотографии за нивната поврзаност со нео-нацистичките групи. Руслана, воедно, изјави дека предлогот да се скратат правата на етничките Руси бил спомнат од групи кои беа на Мајдан, но не бил прифатен во Собранието.
Руслана ова донекаде го потврди, велејќи дека според сознанијата на тогашната опозиција, дел од полицајците кои добиле наредба да пукаат врз демонстрантите, ја послушале наредбата, но потоа во текот на крвопролевањето, се побуниле и почнале да пукаат врз полициските специјалци од единицата Беркут, кои се обидуваа да ги растераат демонстрантите.
– Јас бев на бината кога почнаа да пукаат врз луѓето, тоа за мене беше нешто невидено, бев во шок. Гледав како луѓе одеднаш паѓаат и умираат пред мене, изјави Руслана.- Претседателе Путин, повлечете се. Никој не мора да умре. Не треба веќе да има страдање, порача Руслана, и тоа на руски јазик.