Случајот на 27-годишна девојка го згрози светот откако поради одрекувањето од исламот и мажењето за католик беше осудена на смрт. Ослободена е пред 10-тина дена.Една суданка била осудена на смртна казна поради нејзината одлука да го напушти исламот и покрај приговорите на западните амбасади судот во Судан да покаже сочувство и почит кон верските слободи.
„Ви дадовме три дена да се одречете од христијанството, но вие инсистиравте дека нема да му се вратите на исламот. Поради ваквата ваша одлука ве осудувам на смрт”, и рекол судијата на жената, обраќајќи и се со татковото име зашто татко и бил муслиман…
Сега Мериам Ибрахим од Судан, осудена на смрт бидејќи се омажила за католик, спречена е да ја напушти земјата, а може и повторно ќе и се суди.
Сопствениот брат и се заканил дека ќе ја убие „штом добие прилика“.
Нејзиниот правен тим тврди дека брат и Ал Самани Ал Хади нема никаков авторитет над неа и дека се прави од инает. Една суданка била осудена на смртна казна поради нејзината одлука да го напушти исламот и покрај приговорите на западните амбасади судот во С



