Ова е една од најтажните приказни за љубовта и смртта, којa ретко се гледа дури на филмското платно, а камоли во реалниот живот.Mлада мајка, кој е подолг временски период се борела со рак на јазикот, починала по само 12 часа откако се омажила за љубовта на нејзиниот живот.
Ema Gilespi стапила во брак со својот партнер, Majkl, во Lankaster, на 20 ноември минатата година, но за жал за помалку од 12 часа подоцна, Ema починалa, само еден месец пред нејзиниот 29-ти роденден.
Нејзиното семејство сега се во мисија и се обидуваат да ја подигнат свеста за ракот на јазикот, сериозна болест која носи многу жртви.
– Ние не очекувавме дека тоа е нешто сериозно кога минатата година стигнаа резултатите од биопсијата, тие кај Ema откриле рак на јазикот – рекла нејзината мајка.
Девојката одлучила да се бори против оваа сериозна болест и била подложена на две операции, дури и бил отстранет и дел од јазикот. Но, и покрај интензивната радиотерапија, семејството добило катастрофални вести, дознале дека нејзината болест е неизлечива.
– Радиотерапија брзо дала резултати, и ракот исчезна, сепак по четири недели, кожата на вратот започнала да отекува. По третмани отокот се изгуби, но подоцна ракот се прошири и на црниот дроб, вратот и белите дробови – вели нејзината мајка.
Семејството било шокирано од тоа колку брзо болеста напредувала, и по само две сесии на хемотерапија, лекарите се откажале од третманот, бидејќи тие не дејствувале.
Кога тие во ноември дознале дека таа не може да преживее повеќе од 24 часа, ја закажале свадбата со нејзиниот вереник.
– Ние не можевме да веруваме во она што се случува и свадбата ја презакажавме. И купивме венчаница, но таа не сакаше да ја облече. Во венчалниот фустан ја закопавме – вели низ солзи мајката на Ema.
Ема била непушач и но покрај тоа заболела од рак на јазикот, болест која е многу ретка, но многу опасна и смртоносна.Mлада мајка, кој е подолг временски период се борела со рак на јазикот, починала по само 12 часа откако се омажила за љубовта на нејзиниот живот.


