Се омажив за пари, но животот ми се претвори во пекол!

„Спијам со човек кој воопшто не го сакам. Морам секој ден да го гледам и секој ден да разговарам со него…“, се исповеда младата сопруга, која сака да остане анонимна. Ова е нејзината приказна.Влегов во тој брак пред 5 години и оттогаш живеам во пекол. Спијам со човек кој воопшто не го сакам. Морам секој ден да го гледам и секој ден да разговарам со него…
Толку сум несреќна во бракот што не знам што да правам. Мислам дека ако го напуштам се ќе изгубам. Не само парите, статусот и работата, туку и семејството. Децата и родителите.
Влегов во брак пред 5 години и оттогаш живеам во пекол. И заради што? Заради кариерата? Да, кариерата и работата ми се супер откако сум со него, но јас не сум среќна. Имам завршено маркетинг, а мојот маж има голема фирма во која работам како директор на маркетинг. Признавам, не дојдов на тоа место затоа што сум добра во работата, туку затоа што сум му сопруга. Имаше многу подобри кандидати и се уште ги има, но јас сум директорка бидејќи влегов во брак од кој сакам да побегнам.
Секој ден размислувам да го оставам и се да биде како што треба. Така е веќе 5 години. Моите родители се знаат со неговите со години и така дојде до тоа да бидеме совршен пар, за парите да останат во фамилијата. Но, каква е таа фамилија кога јас не го сакам? Знам дека многумина ќе речат дека сум глупава бидејќи сум се согласила на тоа, но верувајте ми, ако знаев дека ќе биде вака немаше да се согласам. Мислев дека ќе го засакам, дека сепак ќе ми биде убаво. Имаше и пари. Мислев дека ќе патуваме и дека на крајот ќе излезе бајка. Но, далеку е од бајка.
Не е само тоа, знам и дека ме изневерува. Искрено, тоа и не ми смета толку, бидејќи може да ги задоволи своите потреби на друго место, без да ме дави мене. Како да излезам од сето ова без да изгубам се? Тука се и двете деца кои не сакам да ги повредам, на кои сакам да им кажам дека не го сакам татко им. А, ќе ја изгубам и работата, парите и сите привилегии што сега ги имам.
Ако и понатаму го трпам ова, ќе полудам. Ако го оставам, ќе останам без се. Мислите дека родителите ќе бидат среќни ако го направам тоа што ме прави среќна? И тие ќе ми го свртат грбот. Тие на него гледаат како на совршенство. Нека се обидат да живеат со него. Размислувањето за тоа секој ден ме полудува.Влегов во тој брак пред 5 години и оттогаш живеам во пекол. Спијам со човек кој воопшто не го сакам. Морам секој ден да го гледам и секој ден да ра

Пронајдете не на следниве мрежи: