Се опремува новиот Дом на културата во Македонска Каменица

Со средства од проект за прекугранична соработка преку ИПА-програмата, Културно-информативниот центар „Романса“ од Македонска Каменица ќе набави најсовремена киноопрема за потребите на новиот Дом на културата во оваа рударска општина.Гоце Стојановски, директор на КИЦ „Романса“ денеска истакна дека проектот се работи во партнерство со Народното читалиште од општина Белица од соседна Бугарија, а средствата кои ќе се искористат за опремување на киносалата се околу 60 илјади евра.
– Ние со општина Белица од соседна Бугарија, како и со Народното читалиште имаме одлична соработка и претходните години. Со овој проект ќе набавиме најсовремена киноопрема, а освен тоа, ќе се набават и персонални компјутери за потребите на градската библиотека која, исто така,  ќе биде сместена во новиот Дом за култура.
Нашиот партнер општина Белица, односно Народното читалиште преку овој проект ќе го рекоснтруира културниот дом во општина Белица, рече Стојановски.
Тој додаде дека ова опремување на Домот на културата ќе значи и редовно прикажување на најсовремените светски филмски изданија.
– Наскоро ќе почне со работа новиот Дом на културата во Македонска Каменица што ќе предонесе за подобрување на културниот живот на граѓаните во општината, потенцираше Стојановски.
Новиот Дом на културата, општина Македонска Каменица го гради со кредит од Светска банка преку Министерството за финансии, а вкупната вредност е осумстотини илјади евра.Гоце Стојановски, директор на КИЦ „Романса“ денеска истакна дека проектот се работи во партнерство со Народното читалиште од општина Бе

Пронајдете не на следниве мрежи: