Пиете премногу кафе? Ниту едно излегување не може да помине без алкохол? Еден Американец одлучил да спроведе интересен експеримент. Тобијас ван Шнајдер преку Твитер ги следел своите промени во животните навики, па 15 месеци не купувал ниту консумирал кафе и алкохол – резултатите се навистина фасцинантни.Тобијас вон Шнајдер е дизајнер од Германија, кој поради љубопитност престанал да пие алкохол и кафе и самиот се изненадил од резултатите 15 месеци подоцна. Тој сега го опиша неговото искуство.
Заштедив пари
После два месеци забележав дека имам повеќе пари на сметка. Живеам во Њујорк, а за месечно да потрошам 1.000 долари на алкохол треба дневно да трошам по само 33 долари, а тоа се два до три коктели дневно и неколку шишиња вино месечно. Некој може да помисли дека тука станува збор за тежок алкохолизам, но верувајте ми кога ќе ви кажам дека во Њујорк е нормално да се испијат еден до два алкохолни пијалоци дневно. Покрај тоа, одењето на пијалок подразбира и по некоја вечера бидејќи огладнувате од пиењето.
Помалку озборувања
Ако нешто забележав на самиот почеток, тогаш тоа дефинитивно беше помалата социјална активност која ја доведе новата диета.
1. Навистина не ми се излегуваше. Беше крајно исцрпувачки цело време на луѓето да им објаснувам дека не пијам и дека само еден пијалок не е во ред.
2. Секој пат кога пријателите или колегите ќе ме повикаа на пијалок, претежно ги одбивав бидејќи не сакав трезен да излегувам на крај со нивното озборување.
3. Ако сепак одлучам да излезам, претежно се задржувам масимум еден час, бидејќи толку мојата трезна концентрација може да го издржи друштвото на пијани луѓе.
4. Иако никогаш не сум бил склон кон забавите, исфрлувањето на алкохолот од мојот живот направи да излегувам уште помалку. Тогаш сфатив колку мои пријателства биле засновани на моите навики за пиење.
Подобрен квалитет на сонот
Исфрлувањето на алкохол од животот драстично го подобри квалитетот на мојот сон. Вистина е дека побрзо заспивав после еден или два пијалоци, но тоа влијаеше и врз квалитетот на сонот. Сега спијам подобро и се будам со повеќе енергија. Пред тоа утрата ми беа напорни, па дури и кога ќе се напиев само две пива вечерта пред тоа – тоа можев да го почувствувам веднаш по будењето.
Помалку кафе – помалку стрес
Ова можеби и не се однесува на сите, но исфрлувањето на кафето ми помогна да бидам поопуштен. Покрај тоа, го сакам мирисот и вкусот на кафе, па така понекогаш посегнувам по шолја без кофеин. На лето пијам леден чај, а на зима обичен.
Сфатив дека одењето на кафе ми е повеќе социјална активност отколку исполнување на потреба за овој пијалок. Задржете ги социјалните активности, само кафето заменете го со нешто друго.
Згора на сѐ, многу сум среќен со својата одлука и немам никаква желба повторно да почнам да пијам. Сепак, тоа не значи дека истото ви го советувам и на вас – ако сте среќни со вашиот живот, немојте да менувате ништо. Јас го променив мојот живот од чиста љубопитност и целосно сум среќен од тоа како испаднаа работите.



