Луна Плус сајз е специјализиран бутик за женска облека со конфекциски броеви над 40.Водени од своето мото, „не е важно кој број носиш, туку како го носиш“, тимот на Луна Плус сајз нуди модерни и квалитетни парчиња облека за дами со облини.
Колекцијата есен/зима 2017 претставува спој помеѓу модерното и класичното и нуди тренди но во исто време практични парчиња облека.
“Поголем дел од жените во текот на својот живот варираат со својата килажа и се соочуваат со фактот дека понудата на пазарот е сосема оскудна кога станува збор за облека со големи броеви, поготово кога сакаме истите да бидат модерни.
Денес, модната индустрија конечно се шири и им дава повеќе опции на дамите со облини, но повеќето од овие опции се достапни само на интернет. Сите жени заслужуваат можност да се чувствуваат удобно при купување во продавница, знаејќи дека постојат модерни парчиња облека со соодветни големини достапни за нив”. – изјави сопственичката Анастасија Јовановска Гапиќ
Продавницата се наоѓа наспроти грчка амбасада во центарот на Скопје, а работното време од понеделник до сабота е од 12 до 20 часот.
Наша препорака е да ги посетите и да се уверите сами.
Водени од своето мото, „не е важно кој број носиш, туку како го носиш“, тимот на Луна Плус сајз нуди модерни и квалитетни пар