Следејќи го примерот на Стево Пендаровски кој македонскиот народ го нарече стока, новинарот Саше Ивановски Политико како по иста матрица со исти навреди, но кон американскиот народ. Ивановски очигледно е разорачан што Американците за претседател го избраа Доналд Трамп па своето негодување преку навреди кон нив го искажа на социјалните мрежи.
– Леле, Американци, што се деси бе, што напраивте бе стоко?!, пишува Политико на социјалната мрежа Фејсбук.
За потсетување Пендаровски кој му беше противкандидат на Ѓорге Иванов на претседателските избори ги навреди мнозинството граѓани кои својот глас во првиот круг го дале за Иванов. Според Пендаровски, оние кои гласале за Иванов биле качувани во комбиња како стока.
– Вие имате една предност пред нив, вас не ве качуваат во комбиња како стока, туку гласате како граѓани со име и со презиме, рече Пендаровски.