Се плашат ли мажите од успешни жени?

Како што покажале американските истражувања, мажите се плашат од успешни жени. Вработените жени им се чинат како недостижни, па се плашат дека тие нема ни да ги приметат доколку покажат заинтересираност. Но, истражувањата покажуваат едно, а реалноста друго. Затоа одлучивме храбро да завземеме став во кој веруваме дека машките не се плашат од успешни жени повеќе од себе.
Работата е во тоа што многу мал број мажи (не велиме дека не постојат) можат искрено да го поднесат фактот дека жената заработува повеќе од него. Иако тврдат дека тоа не им е важно, тоа го повредува нивниот статус “алфа мажјак”. Алфа мажјак е тој кој се грижи за егзистенцијата. Но, кога постои алфа жена која се сама (успешно) работи, таа не бара маж кој ќе ѝ пружи таков облик на сигурност, што машките ги доведува на тоа да си го постават прашањето што повеќе тогаш можат да им пружат на таквите жени. А всушност заборавиле на една многу важна работа, а тоа не е ниту стан, добра плата или автомобил кои не можат да го надоместат она што ѝ е потребно на секоја жена, па ни тој на највисока позиција љубов и внимание.
Но, на ова прашање се исклучува одговорноста на машките. На жените им останува малку да им попуштат на мажите и да не ја подразбираат љубовта како уште еден проект кој мора да го изработат, како на работното место. Понекогаш сепак треба да му попуштат да биде посилен од нас, што на машките им е потребно. Од друга стана, машките треба да го намалат своето его, затоа што правилата се доста променети од добата на бабите и мајките. Би имале крај себе жена чија животна цел  ѝ е да стекне богатсво преку машкото? Или можеби необразована и убава жена? Или ќе бидете со онаа која ќе може да те пофали?
Па пред да почнете да се чувствувате загрозено, сетете се дека таквите жени, од сите мажи ве одбрала баш вас (а не дека не можела да бира и други) и има право да очекува таа љубов да ѝ е возвратена. Од кога е хендикеп да се биде паметна, образована и успешна? И од кога е една добра плата во куќата подобра од две?
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 
 Како што покажале американските истражувања, мажите се плашат од успешни жени. Вработените жени им се чинат како недостижни

Пронајдете не на следниве мрежи: