Bennet's Cafe and Bistro во Јорк е рангиран како 11. на листата на најдобри кафулиња во тој град, но една девојка била лута што го платила чајот скоро 3 евра. Добила и прилично детален одговор.Извесна Хана Ц. од Северен Јоркшир, била лута откако морала да плати топла вода и лимон нешто повеќе од 3 евра и на сајтот TripAdvisor напишала дека кафулето е скапо и дека персоналот е некултурен.
„Ова место е апсолутно ужасно. Колку може да чини малку топла вода и парче лимон? За да ви покажам колку е ова смешно, ќе ви кажам дека мојот пријател нарача парче чоколадна торта и плати околу 3 евра. Повеќе никогаш нема да дојдам кај вас“ – напишала Хана.
Одговорот брзо пристигнал од менаџерот на локалот кој ѝ објаснил зошто е „ограбена“.
„Влеговте во локал и келнерот ви покажа каде да седнете, ви додаде мени, чекаше покрај вас додека нарачувавте. Замина зад шанкот, зеде шолја за чај, кесичка и лажица и ги однесе во кујната. Таму избра нож, избра вистински лимон од фрижидер и го исече за да го стави во шолјата“ – ја започнал менаџерот приказната, а потоа и објаснил колку сето тоа временски трае.
„Келнерот којшто ве угости ме чини 12.50 фунти (20 евра) по час. Доколку го собереме сето ова што ви го реков, со таксите и наметнатите плаќања од страна на Владата на нашата земја, видете и сами колку испаѓа тоа“ – нагласил менаџерот.
Тој на крајот додал дека цената на чајот е сурова реалност на економијата и дека локалот не би можел поинаку да работи, па доколку на клиентите не им се допаѓа услугата, можат да пијат чај дома, а не во центарот на градот. Извесна Хана Ц. од Северен Јоркшир, била лута откако морала да плати топла вода и лимон нешто повеќе од 3 евра и на сајтот TripAdvisor напишала дек



