Се подготвуваат измени и проширувае на Рамковниот Договор

Фејт и Џафери бараат промена во преамбулата и помош за семејствата на жртвите од конфликтот во 2001 годинаВо препораките од анализата на Охридскиот договор се вели дека имаат за цел постигнување поголема кохезија меѓу заедниците во Република Македонија. Препораките сугерираат „враќање на преамбулата на Уставот, во формата предвидена во оригиналната верзија на Рамковниот договор, каде што се нагласува граѓанскиот, а не етничкиот идентитет на граѓаните во Република Македонија“. Како што е наведено во препораката, преамбулата не треба да се ограничина споменување на само 7 заедници. објави ТВ Алсат-М.
Овие предлог-препораки ги формулира владиниот Секретаријат за спроведување на Охридскиот договор, со помош на Европскиот институт за мир, предводен од посредникот во конфликтот од 2001 година, Питер Фејт, и на ОБСЕ.
Друга препорака е донесување нов закон за јазиците со кој ќе се дообјасни значењето на амандманот 5 на членот 7 од Уставот, со што албанскиот јазик ќе биде потврден за официјален јазик во Македонија. Препораката предвидува вклучување конкретни ставки во буџетот за спроведување на овој закон. Документот, во однос на јазиците, предлага и можност за учење на „јазиците во официјална употреба“ од децата во училиштата, вклучувајќи ги во овој процес и родителите, стимулирање на користењето на албанскиот јазик во правосудниот систем, како и вклучување на познавање на јазиците на заедниците што не се мнозинство како стандард за вработување и унапредување во администрацијата, особено за менаџерските позиции.
Друга препорака во анализата е одобрување на централниот државен и на буџетите на општините со двојно мнозинство, познато како Бадентерово мнозинство. Се предвидува и создавање ново министерство – „за политички систем и односи меѓу заедниците“, кое директно би го надгледувало спроведувањето и унапредувањето на Охридскиот договор, пишува во нацрт-анализата за спроведување на Охридскиот договор.
Анализата, исто така, препорачува:
– Проширување на правната одговорност за соодветна и правична застапеност кон големите компании со државен интерес. Овој принцип треба да ја опфати целата јавна сфера и да биде услов за добивање лиценци и учество на владини тендери.
– Сериозно решавање на говорот на омраза и криминалот врз основа на омраза, со нивно вклучување во Кривичниот законик.
– Зголемување на децентрализацијата со конкретни буџетски мерки.
– Систематизирање на сите вработени од Секретаријатот во државните институции.
– Регулирање на статусот на лицата и семејствата на жртвите од конфликтот во 2001 година.
Анализата сугерира да се земе предвид проширувањето на собраниската Комисија за односи меѓу заедниците со повеќе претставници на другите заедници.
Анализата за имплементација на Охридскиот договор се подготвува веќе неколку месеци од владиниот Секретаријат за спроведување на Охридскиот договор, со помош на Европскиот институт за мир, чиј прв човек е Питер Фејт, како и од ОБСЕ, пишува Алсат М. Не се знае кога точно и официјално ќе биде објавена, иако тоа беше најавено за во декември. Анализата на Охридскиот договор е дел од препораките од годишниот извештај на Европската комисија за Македонија.Во препораките од анализата на Охридскиот договор се вели дека имаат за цел постигнување поголема кохезија меѓу заедниците во Република Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи: