Легендата Михаел Шумахер почнал да ги препознава членовите на своето семејство, тврди весникот „Ле Паризиен“.Поранешниот возач на Формула 1, Французинот Филип Штрајф, инаку близок со семејството Шумахер, кој и самиот во 1989-та година доживеал тешка несреќа, по која останал парализиран, изјавил дека седумкратниот светски шампион почнал да покажува знаци на опоравување.
-На Шумахер му е подобро. Иако се уште не почнал да зборува, тој комуницира со очите. Почна да ги препознава членовите на своето семејство, својата сопруга и децата, но се уште има големи проблеми со помнењето, изјавил Штрајф.
Тој воедно додал дека сите информации поврзани со здравствената состојба на Шумахер ги добил директно од неговата сопруга Корина, како и од професорот Сајан, кој е специјалист за повреди на рбетот.
Штрајф нагласил дека Шумахер можеби би можел еден ден да го врати помнењето, но во овој момент тоа е многу тешко.
Инаку, легендарниот германски Ф1 возач претрпе тешки повреди на скијање на француските Алпи на 29-ти декември минатата година. По шест месеци во кома, беше префрлен на рехабилитација, најнапред на клиника во Швајцарија, а потоа во септември во својот дом.Поранешниот возач на Формула 1, Французинот Филип Штрајф, инаку близок со семејството Шумахер, кој и самиот во 1989-та година доживеал тешка несреќ