После конвенцијата на Републиканската партија, републиканскиот кандидат Доналд Трамп води против Хилари Клинтон на анкетите со 44 проценти, наспроти 39 отсто.Овие резултати претставуваат конвенциски скок од 6 поени за Доналд Трамп кој традиционално се мери после соочувањето на кандидатите.
Најновите истражувања покажуваат дека ова е најдобриот резултат на Доналд Трамп против Хилари Клинтон од септември 2015-та година.
На Трамп „ветар во грб“ би можеле да му дадат и независните од кои 43% одговориле дека сега, после конвенцијата во Кливленд би го поддржале, додека 41% одговориле дека нема да го дадат гласот за републиканецот.
Популарноста на Трамп продолжува да расте, па така од 51% пред споменатата конвенција, сега поддршката се искачила на 62%, додека што се однесува до Хилари Клинтон, од 31 отсто паднала на 23 проценти.Овие резултати претставуваат конвенциски скок од 6 поени за Доналд Трамп ко