На површината се појавил трговски пароброд кој исчезнал во декември 1925 година и од тогаш се води како брод кој исчезнал во Бермудскиот триаголник, а се претпоставува дека станува збор за „SS Cotopaxi“.
Кубанските власти го забележале бродот за прв пат на 16 мај, во близина на воената зона, западно од Хавана. По неколку неуспешни обиди да се комуницира со екипажот, биле испратени три патролни чамци за да го пресретнат. Биле изненадени од откритието дека бродот, всушност, е 100-годишниот пароброд идентификуван како Cotopaxi, познат по легендата за Бермудскиот триаголник. Самиот брод ја потврдил таа приказна бидејки немало никој на бродот, а воедно изгледал како брод напуштен со децении.
По детален преглед на бродот бил пронајден дневникот на капетанот. Од податоците кои ги нашле во дневникот, потврдиле дека станува збор за брод на компанијата „Clinchfield Navigation “ во сопственост на СС Cotopaxi, но не се пронајдени никакви информации за тоа што се случувало со овој брод во текот на последните 90 години.
Кубанскиот експерт, Rodolfo Salvador Cruz верува дека дневникот на капетанот е автентичен, и дека овој документ е полн со корисни информации во врска со животот на екипажот на бродот пред тој да исчезне, но е ненадејно прекинат на 1 декември 1925.На 29 ноември 1925 година, СС Cotopaxi испловил од пристаништето Чарлстон, во Јужна Каролина, и се упатил кон Хавана, Куба. На бродот имало екипаж од 32 лица, под команда на капетан WJ Mayer и бродот носел товар од 2.340 тони јаглен. Исчезнувањетое пријавено два дена подоцна и никој нема податоци за бродот ниту некој го видел цели 90 години.
Заменик претседателот на Советот, генерал Abelardo Colome, најавил дека кубанските власти ќе спроведат темелна истрага за расветлување на овој брод мистерија, истрага за исчезнувањето и неговото повторно појавување.
“Тоа е многу важно за нас да се разбере она што се случило”, вели Colome. “Ваквите случаи можат да биде многу лоши за нашата економија, затоа сакаме да бидете сигурни дека ваквото исчезнување нема да се повторува. Дојде време да се реши мистеријата на Бермудскиот триаголник, еднаш и за секогаш. ”
Бермудскиот триаголник е лабаво дефинирана област помеѓу Мајами, Порторико и Бермудите, каде што десетици бродови и авиони се водат за исчезнати под мистериозни околности.
Некои од луѓете многу од овие исчезнувања ги препишуваат на паранормални и натприродни феномени или пак на вонземски активности. Една теорија дури и го обвинува митскиот изгубен континент Атлантида.Повеќето научници не го признаваат постоењето на Бермудскиот триаголник, и за исчезнувањата се наведуваат само човечки фактори, или пак временските услови како и природни феномени.
Мистериозното повторното појавување на СС Cotopaxi буди нов интерес за овој феномен во научната заедница, и најверојатно, ќе фрли нова светлина во вечна темнина на мистериозниот Бермудски триаголник.Кубанските власти го забележале бродот за прв пат на 16 мај, во близина на воената зона, западно од Хавана. По неколку неуспешн



