Се појавува поголема отпорност кон антибиотиците – лековите веќе не помагаат

Доколку почувствувате пецкање додека уринирате, тогаш веројатно имате инфекција на уринарниот тракт.До скоро, краткото користење на антибиотици за орална употреба би се справиле со бактеријата која го предизвикува проблемот.
Но, сега сме соочени со ситуацијата дека бактериите полека ги победуваат лекарствата. Во голем број на земји од светот, лекарствата не помагаат при соочувањето со ваквиот вид на инфекција.
Научниците стравуваа дека овој ден кога-тогаш ќе дојде, уште од моментот кога Александар Флеминг го откри пеницилинот во 1928 година.
При прифаќањето на Нобеловата награда, Флеминг предупреди дека бактериите би можеле да еволуираат до тој степен, што ќе ги победат антибиотиците.
Според истражувањата на Светската Здравствена Организација што беа објавени на 30 април годинава, теоријата на Флеминг полека станува реална.

 
Проблемот е со глобални размери и се однесува на секојдневни инфекции и многу антибиотици. Стандардните лекарства во Кина сега скоро една третина се неефикасни против бактерија која што предизвикува разни инфекции на белите дробови.
Во Америка, стандардните антибиотици за инфицирани рани не помагаат во повеќе од половина случаеви.
-Отпорноста кон антибиотици може да го врати напредокот на медицината еден век наназад, кон времето кога инфекциите најчесто воделе до ампутација, вели Кармен Песоа Да Силва.
Операциите, како што се операција на срцето или трансплатација на органи, но и лекувањето на некои ракови, би биле далеку поризични без ефикасни антибиотици. Овој проблем веќе чини многу животи и пари.
Најмалку 2 милиони Американци страдаат од инфекции кои се отпорни на антибиотици, од кои 23.000 се смртни случаи, а другите предизвикуваат поголеми комликации, но и други видови на болести.
Подобри упатства и средства за дијагностицирање дефинитивно би помогнале, како и редовното вакцинирање (на пример, вакцинирањето против грип, може да ја намали бројката за појава на случаи на пневмонија). Почистите болници и подобрата јавна санитација се уште побитни: во третманот против турберкулозата, хигиената играла поголема улога отколку лековите – во Западна Европа.
Вознемирувачки е фактот дека нема новооткриени антибиотици уште од 1987 година. Ова веројатно се должи на тоа што фармацевстките истражувања не се ни насочувале кон пронаоѓањето на нови лекови, бидејќи се потпирале врз ефикасноста на постарите и добро познати лекови.
Во меѓувреме, во Европа и Америка се прават вистински напори од кои се очекува позитивен исход. Да се надеваме дека вложениот труд ќе вроди со плод, бидејќи сега за сега, антибиотиците ја губат борбата против новопојавените бактерии и медицината се` уште не може да изнајде начин како да се избори со нив.До скоро, краткото користење на антибиотици за орална употреба би се справиле со бактеријата која го предизвикува проблемот.
Но, сега сме с

Пронајдете не на следниве мрежи: