СЕ ПОПИШМАНИ: Заев избегнува да се соочи со волјата на народот

По вчерашната изјава на опозицискиот лидер Зоран Заев за пролонгирање на изборите закажани за 24-ти април, во јавноста нема никакви дилеми дека СДСМ и Заев се плашат од избори и не сакаат соочување со волјата на народот поради катастрофалниот рејтинг.Откако вчера изутрина Заев кажа дека е за почитување на договорот и договорените избори за април, односно очекува договорот да се спроведе и да нема одложување на изборите, веќе вечерта лидерот на СДСМ се премисли и ја кажа вистината дека е за одложување на изборите за септември догодина.
Пред вчерашната трибина на Скопскиот саем, Заев утрото изјави не верува дека ќе има одложување на изборите бидејќи, како што рече, искрено очекува да се спроведе во целост договорот од Пржино. Ваквата негова изјава покрај од Утрински весник, РСЕ,Телма, беше пренесеа и од речиси сите соросови портали.

Неколку часа подоцна, Заев во изјава за сдсмовската телевизија 24 вести се премисли и побара одложување на изборите. Со тоа се потврдија сите информации дека во СДСМ се свесни дека ја немаат поддршката од народот и дека на следните избори ќе доживеат дебакл, поради што бегаат од соочување со волјата на граѓаните.

Заев признава дека СДСМ катастрофално лошо стои со поддршката помеѓу јавноста,  а поставувањето на услови, испорачувањето на нереални барања, уценувањата, заканите, создавањето на кризи и нивно продлабочување се само начин СДСМ да избега од избори.
СДСМ очигледно знае какво е расположението на народот и затоа не сака да се соочи со неговата волја. Ова го потврдија и последните анкети кои покажаа двојно помал рејтинг на СДСМ во однос на ВМРО-ДПМНЕ и три пати поголема поддршка на Груевски во однос на Заев, пишува Курир.
Според податоците добиени од истражувањето на јавното мислење на БРИМА ГАЛУП, владејачката партија има двојно поголема поддршка од опозицискиот СДСМ. За партијата на премиерот Груевски би гласале 23,5% од граѓаните, додека за опозицискиот СДСМ само 12,4%. Третото место го зазема ДУИ со 7,6%, четврта е ДПА со 3,5%.
Премиерот Никола Груевски е личноста во која македонската јавност има убедливо најголема доверба. Во испитувањето на јавното мислење на Брима Галуп, за македонскиот премиер доверба дале 21,4% од граѓаните. Груевски ужива 3 пати поголема доверба од лидерот на опозицијата Заев на кого доверба му дале 7,9% од граѓаните.

Со изјавата за одложување на изборите Заев бара директно кршење на договорот од Пржино, чии потписници се тој и неговата партија. Ова е најголем доказ за демотивацијата и очајот, кои владеат во СДСМ, каде се’ погласни се поделбите и тензиите меѓу членството на партијата, кое е свесно дека нивното раководство ги доведе до нов пораз, и тоа повеќе не може да се сокрие.
Заев капитулираше со признанието дека ја нема подрдшката од народот и бара одложување на изборите бидејќи е свесен дека ќе загуби. Одложувањето на избори значи одново криза за државата, продлабочувње на агонијата и последици за народот. Бегањето од избори е бегање од волјата на народот, бидејќи изборите се единствен излез од кризата наметната од СДСМ.Откако вчера изутрина Заев кажа дека е за почитување на договорот и договорените избори за април, односно очекува договорот да се спроведе и да нем

Пронајдете не на следниве мрежи: