Џенифер Кимел од Канада е мајка на едногодишната Рис која се родила за време на нејзиниот одмор во Хаваи. Рис дошла на свет во октомври минатата година, девет недели предвреме, во болницата Kaпилани каде шест недели поминала во инкубатор.По една и пол недела минати во болницата, на Џенифер и било кажано дека нејзиното здравствено осигурување кое го платила пред патувањето не ги покрива трошоците за такво лекување. Таа ја контактирала осигурителната компанија од каде и рекле дека се ќе биде средено. Шокот пристигнал кога во болница и стигнала сметка од речиси еден милион американски долари, известува телевизијата CTV.
-Бев шокиранa кога ja видов сметката од 950,000 долари. Токму од тие причини јас уплатив осигурување пред да тргнам на пат за да ги избегнам овие ситуации, изјавил сопругот на Џенифер, Дарен.
Иако Џенифер два месеци пред породувањето се лечела од воспаление на мочниот меур, поради кое крварела, нејзиниот лекар рекол дека тие здравствени проблеми неможат да влијаат на предвременото породување.
– Не постои начин ние да платиме 1 милион долари за породување, ние единоставно ги немаме тие пари и можеме само да си прогласиме банкрот, заклучил сопругот.По една и пол недела минати во болницата, на Џенифер и било кажано дека нејзиното здравствено осигурување кое го платила пред патувањето не ги покр



