Универзитетската болница во Унгарија денеска соопшти дека лекарите предвреме, но успешно породиле жена која мозочно била мртва, а која во период од три месеци по вештачки пат ја одржувале во живот.
Здравото бебе, тешко 1,4 килограми, на свет дошло со царски рез ова лето, во 27 недела од бременоста на мајката, која доживеала мозочен удар кога била во 15 недела од бременоста.„Детето е здраво и нормално се развива“, соопштуваат од Универзитетската клиника, не објавувајќи повеќе податоци за точната дата на раѓање на бебето.Некои од органите на мајката, срцето, црниот дроб, бубрезите и панкреасот биле донирани во корист на четворица приматели два дена по породувањето, се додава во соопштението.Роднините на бебето не сакале да се појават во јавност, а според законите во Унгарија, идентитетот на донорот и на примателот на орган е заштитен.Здравото бебе, тешко 1,4 килограми, на свет дошло со царски рез ова лето, во 27 недела од бременоста на мајката, која доживеала мозочен удар кога б



